Три лица вчера физички го нападнале Бојан Јовановски - Боки 13 во кругот на затворот „Идризово“, каде тој ја издржува затворската казна, потврдија за МИА извори од МВР.
Оттаму посочуваат дека вчера во 20 часот во СВР Скопје - Полициската станица Гази Баба, од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив со повреди бил донесен Б.Ј. (36) од Скопје.
Според пријавеното, околу 15:40 часот во кругот на Казнено-поправната установа „Затвор Идризово“, каде издржувал затворска казна, Јовановски бил физички нападнат од три лица. По целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.