Бонтон правила: 5 работи кои никогаш не треба да ги правите на јавно место

Секој човек има различни навики, но јавниот простор подразбира сите да се држат до одредени востановени правила на однесување. Тие понекогаш зависат од самата ситуација, како што беше, на пример, за време на пандемијата кога мораше да се држи физичка дистанца и луѓето повеќе не се ракуваа. Сепак, некои правила се трајни и нивното прекршување се смета за непристојно.

Енспертите за бонтон издвојуваат 5 работи кои никогаш не треба да ги правите на јавно место.

1. Не разговарајте гласно на телефон

Кога се наоѓате на јавно место, морате да бидете свесни дека вашето зборување може да им пречи на другите, а во одредена мера може на некои и да им создаде фрустрација. Доколку се наоѓате во јавен превоз, би требало целосно да избегнувате телефонски јавувања.

2. Викање

Можеби сте меѓу оние кои сметаат дека викањето кон соговорникот помага тој подобро да научи некое правило или подобро да ја разбере вашата порака, но јавното место никогаш не е соодветно за такво однесување.  Не само што го нарушувате нивото на самодоверба на соговорникот, туку и на останатите им создавате непријатност.

3. Чистење заби и консумација на храна

Повеќето луѓе на прв поглед немаат ништо против тоа да се консумира храна на јавните места. Кој не сака улични штандови со хамбургери, колбаси и други специјалитети?

Доколку влезете во трамвај или автобус носејќи некаква храна, мирисот ќе го исполни целиот простор и можеби тоа нема да им се допадне на сите, всушност на повеќемината и навистина нема. И не само тоа што некои јадат во јавен превоз, туку некои луѓе дури и ги чистат забите со конец или се обидуваат со прсти да извадат нешто заглавено помеѓу забите. Доколку не сте знаеле, таквото однесување се смета за крајно непримерно.

4. Фрлање ѓубре

Фрлањето ѓубре на јавно место остава крајно негативен впечаток и се смета за крајно несоодветно. Затоа постојат корпите за отпадоци.

5. Кавги

Има одреден број луѓе кои немаат проблем да влезат во расправија без разлика каде се наоѓаат. Сепак, треба да знаете дека кавгите се резервирани за приватниот простор и само со луѓето што ги засега, бидејќи на сите останати во таквите моменти им е непријатно.

Тагови
реклама

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more

Живот

Оваа сабота во „Јавна соба“: базар на втора рака облека, накит, книги и детски играчки

Read more

Шпанците се најдолговечна нација во ЕУ

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more
 

Магазин

Оваа сабота во „Јавна соба“: базар на втора рака облека, накит, книги и детски играчки

Читај повеќе

Храна што треба да ја одбегнувате по 40-тата година

Читај повеќе
  • filter

Мет Гала 2024: Кој ја погоди, а кој ја промаши темата?

Читај повеќе

Шпанците се најдолговечна нација во ЕУ

Читај повеќе

Осум симптоми дека на телото му недостасува железо: Не ги игнорирајте!

Читај повеќе

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Читај повеќе
  • play_arrow

Скептични сте за одење во Источна Европа? Ја имаме најдобрата туристичка реклама

Читај повеќе

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Читај повеќе

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Читај повеќе