Бонучи: Сонував да ме тренира Пеп, за малку ќе заминев во Сити

Италијанскиот дефанзивец открива дека лани и во 2016 година ил блиску до трансфер во Манчестер Сити, но сепак желбата да тренира под водство на каталонскиот стратег му останала неисполнета.

Столбот во одбраната на Јувентус и на италијанската репрезентација, Леонардо Бонучи, открива дека Пеп Гуардиола во неколку наврати пробувал на го донесе на Островот, а еднаш преговорите биле и речиси завршени.

„Имав сон да бидам трениран од Пеп. Најблиску до тоа бевме во 2016, бев на чекор да му се приклучам на Сити. Дојдовме до најситните детали кога Јувентус одлучи да не ме продава“, открива Бонучи говорејќи за The Athletic.

Наместо во Манчестер, на изненадување на многумина наредната година се пресели во Милан.

„Одлучивме да останеме заедно. Потоа, кога заминав во Милан, можев да отидам во Сити, но некои коцки требаше да се поклопат за да се случи тоа. Воедно, му имав дадено збор на Милан. Минатата година повторно разговарав со Пеп“.

Лани Пеп повторно направил обид да го донесе на „Итихад“, но повторно безуспешно, овој пат поради самиот Лео.

„Сакаше да дојдам, но му реков: 'Јувентус е мојот дом. Среќен сум тука. Тука се чувствувам како дома'. Сакав да го надополнам изгубеното со одењето во Милан на една сезона. Тоа што повторно станувам симбол на Јуве е највозбудливата работа која би можел да ја правам во кариерата во моментов“, заврши тој.

Централниот дефанзивец, кој кариерата за започна во Витербезе од родниот град Витербо, меѓу другото има настапувано и за Интер, Тревизо, Пиза и Бари. Сега ја игра единаесеттата сезона во дресот на Јувентус. Има освоено 9 Скудета (1 со Интер и 8 со Јуве, 4 пати Копа Италија, 5 пати Суперкопа, како и 1 титула шампион на Европа со Италија, за која има одиграно 111 натпревари со 8 постигнати голови.

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Фудбал

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Read more

Спортинг ја освои титулата во Португалија

Read more

Мбапе подготвен да се соочи со Болт: Побрз е од мене, но ајде да се тркаме

Read more

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more
 

Спорт

Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата

Читај повеќе

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Читај повеќе
  • play_arrow

Спортинг ја освои титулата во Португалија

Читај повеќе

Мбапе подготвен да се соочи со Болт: Побрз е од мене, но ајде да се тркаме

Читај повеќе
  • play_arrow

Норис во солзи ја прослави првата победа во кариерата оставајќи го Верстапен зад себе

Читај повеќе

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Читај повеќе
  • play_arrow

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Читај повеќе

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Читај повеќе
  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе