Борисов: За Бугарија да ја поддржи Северна Македонија, бугарското малцинство треба да биде во Уставот

Скопје, 28 октомври 2021 (МИА) – За Бугарија да ја поддржи Северна Македонија, бугарското малцинство мора да биде впишано во Уставот на државата, вели лидерот на бугарската партија ГЕРБ и поранешен премиер Бојко Борисов.

Неговата изјава следуваше по средбата во Софија со преставници на бугарски здруженија во Северна Македонија, кои, според него, му се пожалиле дека „во земјава се чувствуваат како да не постојат“.

-Тие знаат дека нашата поддршка како власт или како опозиција зависи од признавањето на бугарското малцинство. За оваа тема најдов разбирање со Еди Рама, го очекувам истото и од Зоран Заев. За Бугарија е исклучително важно Северна Македонија и Албанија да се во Европската Унија, напиша Борисов на својот Фејсбук профил.

Тој, во однос на политичката ситуација во Бугарија, оценува дека државата западнала во меѓународна изолација во последните месеци, а демократските држави „се исмејувале на слабата диломатија“.

– Бугарија се тресе од скандали, наместо да дебатираме за важни теми како односите со Северна Македонија и Ковид-кризата, Радев назначува министри со двојно државјанство и се обидува да изврши влијание врз Уставниот суд, никогаш сме немале претседател кој си дозволува да го нарушува Уставот, додава Борисов.

Претставници на неколку бугарски здруженија во Северна Македонија, вчера беа примени и од претседателот на Бугарија Румен Радев, кој на средбата посочил дека без соработка со македонските Бугари, Софија не може соодветно да ги заштити нивните права. Тој потсети дека во Договорот за добрососедство меѓу Бугарија и Република Северна Македонија стои дека Софија има право да ги брани правата на македонските Бугари.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Регион

ЕУ ќе му даде на Западен Балкан помош од две милијарди евра до 2027 година

Read more

Атина обвиена во сахарска прашина - личи на колонија на Марс

Read more

Стејт департмент: Властите во Бугарија продолжија да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи

Read more

Европскиот парламент одобри визна либерализација за Србите од Косово

Read more
 

Вести

Без струја делови од општините Петровец, Ѓорче Петров и Сарај

Читај повеќе

Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено

Читај повеќе

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Читај повеќе

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Читај повеќе
  • filter

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Читај повеќе