Британците ја прогласија Wizz Air за најлоша авиокомпанија за кратки летови

Унгарската нискобуџетна авиокомпанија Wizz Air од Британците е прогласена за најлоша авиокомпанија за летови на кратки релации. Патниците анкетирани од британското здружение за потрошувачи Which? му дадоа на превозникот една ѕвезда од пет можни, оценувајќи го нивниот престој во авионот, условите и удобноста на седиштето, јави DPA.

Истражувањето на здружението за потрошувачи опфати 8.046 Британци испитани во октомври 2022 година за нивните искуства од патувањето со авион изминативе две години.

Не повеќе од две ѕвезди беа доделени во сите други категории, вклучувајќи го односот квалитет-цена и чистотата. Превозникот има летови на кратки релации од 8 аеродроми во Велика Британија, вклучувајќи ги Бирмингем, Единбург, Гатвик и Лутон. Вкупниот рејтинг на авиокомпанијата Wizz Air меѓу кориниците е 48%, со што таа е на дното на ранг-листата, зад ирски Ryanair со 52%, германски Eurowings со 53% и британскиот национален превозник British Airways со 56%.

Британската управа за цивилно воздухопловство во декември соопшти дека има „значителна загриженост“ за „неприфатливото“ однесување на Wizz Air, бидејќи нивни патници сѐ почесто се жалат од корисниците на другите авиопревозници. Регулаторот, исто така, откри дека авиокомпанијата ја одложува исплатата на парите што им ги должи на патниците.

реклама

Свет

Авион се запали на аеродром во Бразил, евакуирани 180 патници

Read more

МААЕ: Заштитната структура на Чернобил е тешко оштетена

Read more

Русија изврши голем напад врз Украина, Полска подигна борбени авиони

Read more

Афера го тресе Пентагон, се бара оставка од Хегсет

Read more
 

Вести

Мицкоски: Историското наследство на Македонија е обврска, а не украс или сентимент

Читај повеќе

Маж од Неготино присилил скопјанка на полови дејствија, ја снимал и ѝ барал пари за да не го објави видеото

Читај повеќе

Тошковски доби опомена од Безбеден град – возел со 1 км/ч над дозволената брзина

Читај повеќе

Граничниот премин Евзони денеска повторно затворен поради протест на грчките земјоделци

Читај повеќе
  • play_arrow

Авион се запали на аеродром во Бразил, евакуирани 180 патници

Читај повеќе

МААЕ: Заштитната структура на Чернобил е тешко оштетена

Читај повеќе

Денеска дожд, од утре сонце

Читај повеќе
  • play_arrow

Русија изврши голем напад врз Украина, Полска подигна борбени авиони

Читај повеќе

Што сè заплени Царината изминатава недела?

Читај повеќе