Британски документарец со контроверзни тврдења за Мајка Тереза

Мајка Тереза ​​била позната по својот живот како заштитничка на болните и сиромашните, но документарниот филм на британската телевизиска компанија Sky „Mother Teresa : For The Love of God?“, ја покажува, како што пренесува Unilad, нејзината многу помрачна страна.

Скопјанката Мајка Тереза ​​стана светски позната во 1969 година откако BBC објави документарен филм во кој се прикажува нејзината работа во Индија, која вклучува организација на народни кујни, мобилни клиники, отворање на сиропиталишта и училишта. Десет години подоцна ја доби Нобеловата награда за мир.

„Мајка Тереза изгледа повеќе ја привлекувале сиромаштијата и агонијата отколку што навистина им помагала на луѓето да ги избегнат“, пишува WION.

URL
Калуѓерките не ги лекувале луѓето, туку се молеле за нив

Сепак, таа доби сериозни критики за нејзиниот однос во случајот со злоупотреба на деца во црквата, кога свештеникот Доналд Мегвај=ер беше обвинет за злоупотреба. Таа потоа лобирала за него кај властите, пишувајќи писма до нив и уверувајќи ги дека е невин, што наводно му овозможило на свештеникот да продолжи да ги злоставува децата. Дополнително, ѝ се префрлува и за фактот што најголемиот дел од парите, кои нејзината организација ги добила преку донации, биле префрлани во Ватиканската банка.

Во документарецот се појавуваат и сведоци, како што е д-р Џек Прегер, кој работел за Мајка Тереза.

„Калуѓерките не се грижеа соодветно за луѓето. Истите игли беа користени неколку пати и не беа стерилизирани. Не сакаа да ѝ дадат аналгетици на една жена која имаше болки поради изгореници, а јас ѝ ги прошверцував. Имаа доволно пари за да водат пристојна болница за сиромашните, но тоа не се случи. Тие велеа: 'Ќе молиме да им се олесни болката' и не направија ништо за да ги лекуваат“, вели докторот во документарецот.

Remote video URL
реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Живот

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како сами да направите антицелулитно масло?

Read more

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

Скептични сте за одење во Источна Европа? Ја имаме најдобрата туристичка реклама

Читај повеќе

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Читај повеќе

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Читај повеќе
  • play_arrow

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Читај повеќе

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Читај повеќе

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе

Како сами да направите антицелулитно масло?

Читај повеќе