Британско разузнавање: Се исплати да се приклучиш на руската армија, Путин добро плаќа

Макфакс
/ 29.08.2023 / 11:14

Во најновиот разузнавачки извештај, Министерството за одбрана на Обединетото Кралство тврди дека воената служба во руските вооружени сили станала профитабилна од почетокот на целосната инвазија на Русија минатиот февруари.

„На 4 февруари 2022 година, рускиот претседател Владимир Путин истакна дека еден поручник добивал 81.200 рубли месечно. До октомври 2022 година, тој најави дека дури и мобилизираните војници ќе добиваат 195.000 рубли месечно. Многу помлади рангови кои служат во Украина сега заработуваат повеќе од 200.000 рубли месечно. Тоа е над 2,7 пати повеќе од руската национална плата од 72.851 рубли“, се вели во извештајот на британското разузнавање.

„Многу е веројатно дека платата и дополнителните бенефиции се силен поттик за вработените да се приклучат, особено оние од посиромашните области на Русија. Сепак, сѐ уште е мала веројатноста дека Русија ќе ги исполни своите цели за регрутирање волонтери“, додаваат тие.

URL

Рускиот претседател нареди делумна мобилизација минатиот септември за зајакнување на руските сили. Тогаш беше објавено дека Русија планира да повика околу 300.000 резервисти, односно луѓе кои поминале воена обука и, како што нагласи Путин, ги поседуваат специјалистичките вештини потребни на руската армија во војната во Украина.

реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Свет

Украина не го доби она што најмногу го сакаше од Американците

Read more

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Read more

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Read more
 

Вести

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2024 година

Читај повеќе

Уапсен дилер од Штип, пронајдена дрога и голема сума пари

Читај повеќе

27 април 1952, роден е Горан Стефановски

Читај повеќе

Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка

Читај повеќе

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ

Читај повеќе

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу во Скопје

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: СДС коваат две сценарија –бојкот на избори или влада со ДУИ

Читај повеќе

Променливо време со температури до 23°C, затоплување од понеделник

Читај повеќе

Украина не го доби она што најмногу го сакаше од Американците

Читај повеќе