Бритни Спирс уште еднаш ги загрижи фановите објавувајќи видео во кое, како што многумина веруваат, откри премногу. Овојпат таа е снимена додека се тушира.
Со оглед на тоа дека секогаш добива многу критики за вакви објави, таа реши да го оневозможи коментирањето на оваа објава на својот Instagram профил. Сепак, реакциите на другите социјални мрежи се бројни.
„Бритни, навистина нема потреба од ова понижување. Што се случува?“, напиша еден корисник на Twitter.
„Тажно. Уште една падната ѕвезда“, додаде друг.
Пејачката објави и селфи од бања во Мексико и изјави дека тоа го направила бидејќи „Instagram не сака кога луѓето го покажуваат своето тело“.
„Мамо и тато, ја поминав границата и успеав откако не пиев кафе 15 години. Мамо, сега можеме да одиме на кафе. Третирана сум рамноправно. Ајде да пиеме кафе и да разговараме", напиша таа.
Потсетуваме дека летово нејзиниот поранешен сопруг Кевин Федерлајн изјави дека на нивните синови Џејден (15) и Шон Престон (16) им било крајно непријатно поради нејзиното однесување.
„Се обидувам да им објаснам дека можеби тоа е само начинот на кој таа се обидува да се изрази, но тоа не го одзема фактот дека нејзиното однесување е погрешно. Не можам да замислам како е да се биде тинејџер и да се оди во средно училиште“, рече тој.