Бритни Спирс ја шокираше јавноста во 2007 година кога ја избричи главата, а 16 години подоцна ја откри причината за нејзината постапка.

Пејачката тогаш влегла во фризерски салон и барала од фризерката да ѝ ја избричи косата, но фризерката не сакала да го направи тоа, па Спирс сама ја зела машинка и си ја избричила главата.
Во нејзините мемоари кои наскоро ќе бидат објавени, насловени „The Woman In me“ (Жената во мене), поп-ѕвездата по 16 години откри зошто ја избричила главата.

„Толку многу бев набљудувана додека растев, од глава до пети. Луѓето ми кажуваа што мислат за моето тело уште од тинејџерските години. Бричењето на главата и глумата беа моите начини да пружам отпор на тоа“, напиша таа.
Пејачката се присети и како од 2008 година немала контрола над својот живот.
„Бев принудена да мислам дека тие денови завршија. Морав да ја оставам косата да ми порасне, да се вратам во форма. Морав да легнувам рано и да ги земам сите лекови што ми кажуваа да ги земам“, напиша Спирс.