Бројот на новозаболени над илјада, на скопските интерни клиники има слободни кревети

Бројот на новозаболени од COVID-19 и вчера остана над илјада. Прилив на пациенти има, но министерот за здравство уверува дека има слободни болнички кревети и доволно кадар за да бидат згрижени сите пациенти.

Се работи и на поставување на Ковид центрите, а првите ефекти од рестриктивните мерки се очекуваат за недела до две.

Министерството за здравство синоќа излезе со информација дека во изминатото деноноќие се регистрирани нови 1064 случаи од тестирани 3096 лица. Податоците од здравствените власти покажаа дека битката со вирусот ја изгубиле 25 пациенти од кои најмладиот на 34-годишна возраст. Скопје и натаму останува град со најголем број ново заболени – 541, а двоцифрени бројки на новозаболени регистрираат и Куманово, Тетово, Штип, Велес, Битола, Охрид, Кавадарци, Кичево, Струмица, Струга, Гевгелија, Радовиш, Кочани, Свети Николе и Неготино.

Министерот за здравство Венко Филипче вчера изјави дека сѐ уште е поголем бројот на пациенти кои се хоспитализираат од оние кои се испишуваат од болница, но вели дека има доволно болнички кревети и оти кадарот е целосно мобилизиран.

Скопските интерни клиники, според Филипче, имаат слободни околу 100 до 200 кревети и доволно медицински кадар кој во секој момент може да згрижи ковид пациенти.

– Секојдневно сме во комуникација со директорите на болниците, прилив на пациенти има. Има и такви што се испишуваат, но се уште е поголем бројот на приеми, изјави Филипче по посетата на Општата болница во Гостивар.

Поставувањето на Ковид центрите во кои дополнително треба да се згрижат пациенти, како што посочи министерот, ќе оди по приоритет и во зависност од подготвеноста на локалните власти, а за пожртвуваноста на медицинскиот персонал кој од почетокот на пандемијата е ангажиран околу третманот на пациентите, предвидена е награда со ребалансот на Буџетот.

– Херојска е вашата борба да се подготви системот за нешто што никој никогаш не предвидел дека ќе се случи, ниту очекувал. Сакам искрено да ви честитам и да ви се заблагодарам, да укажам дека водиме сметка за секој еден што е вклучен во оваа битка, дека со последниот ребаланс е предвидена награда за сите здравствени работници кои работат со COVID-19. Да издржиме, сега е најголемата криза, но верувам во вашите способности, во вашата струка и вашите организациски капацитети, истакна Филипче.

Во следните денови, според најавите на здраствените власти, ќе се дефинира и прашањето дали учениците од средното медицинско училиште ќе се вклучат со работата на одделенијата каде не се третираат ковид пациенти за да може поискусните медицински сестри да работат со ковид пациентите. Одлуката ќе биде донесена во консултација со сите засегнати страни.

– Следните неколку денови ќе се донесе дефинитивна одлука која нема да биде наметната, туку донесена во договор со сите чинители, порача Филипче.

Во следните недела до две се очекуваат и ефектите од рестриктивните мерки кои сега се на сила. Во овој период, здравствените власти, очекуваат да се стабилизира и бројот на новодијагностицирани пациенти.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 44.898. Бројката на оздравени е 26.289, а на починати 1263. Активни се 17.346. 

реклама

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more

Македонија

Бојан Јовановски за пријавата од Кичеец: Ова е почеток на една битка со цела криминална банда

Read more

Ден пред двојните избори гласаат болните и изнемоштените лица, затворениците и дијаспората

Read more

Доаѓа нестабилно време со пороен дожд и грмежи

Read more

Мицкоски: Да излеземе да гласаме, за да не можат да нѐ уценуваат никогаш повеќе

Read more
 

Вести

Бојан Јовановски за пријавата од Кичеец: Ова е почеток на една битка со цела криминална банда

Читај повеќе

Советот на Европската Унија го усвои планот за раст за Западен Балкан

Читај повеќе

Претепани политичари во Германија, граѓаните излегоа на улица

Читај повеќе

Ден пред двојните избори гласаат болните и изнемоштените лица, затворениците и дијаспората

Читај повеќе

Русија најави вежби за тактичко нуклеарно оружје: Одговараме на провокациите

Читај повеќе

Тешка сообраќајка кај Влае – има повредени, едното возило преполовено

Читај повеќе

Студентски протести за Газа почнаа во Белгија и Холандија

Читај повеќе
  • play_arrow

Што да очекуваме по денешната инаугурација на Путин?

Читај повеќе

Италија: Лани лично го предупредивме Зеленски, контраофанзивата беше грешка

Читај повеќе