Бројот на заразени во светот достигна 77 милиони, СЗО го истражува новиот вид коронавирус

Земјите низ светот почнуваат вакцинација и дистрибуција на регистрираните вакцини, а неколку во Европа забранија летови и возови од и до Велика Британија откако се појави нов вид коронавирус – варијанта или мутација на COVID-19 на југоистокот од Англија.

Светската здравствена организација вчера соопшти дека откриени се случаи и во Данска, Холандија и Австралија. СЗО е во контакт со официјален Лондон и ќе ја извести јавноста откако ќе бидат направени итни истражувања на карактеристиките и импликациите на новиот вирус.

– Новиот вид на коронавирус, идентификуван во Велика Британија е до 70 проценти позаразен, но не се смета за посмртоносен, па затоа вакцината треба да биде ефикасна, соопшти британскиот премиер Борис Џонсон.

Според британскиот министер за здравство Мет Хенкок, новиот вид коронавирус е „надвор од контрола“, а главниот британски епидемиолог Крис Вити изјави дека може да се прошири побрзо меѓу населението, но засега нема показатели дека предизвикува поголема смртност или влијае на вакцините и начините на лекување.

Бројот на заразени од COVID-19 од почетокот на пандемијата во светот достигна 77 милиони. Оздравеле 54 милиони, активни во моментов се 21,3 милиони, а битката со кононавирусот ја загубиле 1,7 милиони луѓе.

Кај нас вкупниот број дијагностицирани достигна 78 305, оздравени се 54.034, починати 2.292. Бројот на активни случаи е 21.979, од кои 11.822 се во главниот град.

Во нашите болници се лекуваат 1.217 пациенти, позитивни и сомнителни на COVID-19, според статистиката на Министерството за здравство од вчера.

Од нив 479 се во болниците во Скопје (194 во ковид-центрите на интерните клиники, 141 на Инфективната клиника, 104 во ГОБ „8 Септември“ и 40 на Иститутот за белодробни заболувања кај деца – Козле) и 738 пациенти во ковид-центрите и инфективните оддели во другите градови во државата.

Министерството за здравство соопшти дека има околу 240 празни болнички кревети во ковид-центрите, со напомена дека состојбата е променлива затоа што во текот на денот има нови приеми, но се прават и исписи на оздравени пациенти и се ослободуваат дополнителни легла.

Во вчерашниот здравствен биланс беа евидентирани нови  357 случаи на COVID-19 од 1387 направени тестирања во 24 часа, а 132 од новозаразените се во Скопје. Починаа 18 пациенти, најмладиот на 34 години. Оздравени се  689 пациенти

Заклучно со вчера, 3.882.290 евра се донирани од поединци, компании и институции во солидарниот државен фонд за борба со коронавирусот. Тоа го соопшти премиерот Зоран Заев во објава на Facebook по повод Меѓународниот ден на човечката солидарност,  нагласувајќи дека завршуваме една од најтешките години во постоењето на нашата држава.

– Се соочивме со планетарна криза која верувам го извади најдоброто од човештвото – солидарноста. Изминатава година секој од нас помага на свој начин на оние кои се најранливи и на кои им е потребна помош. Успеавме да се сплотиме и да функционираме како едно и така треба да продолжиме и во иднина. Преку личен пример ве повикувам кој колку може да донира средства или да избере друг начин и да ја покаже својата љубезност кон сограѓаните, апелираше Заев во објавата на неговиот Facebook профил заедно со линк до листата со донатори за поддршка за справување со коронавирусот. 

Тагови
реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Свет

Путин издаде наредба: Вооружените сили на Русија ќе вежбаат употреба на нуклеарно оружје

Read more

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Read more

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Read more

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Read more
 

Вести

Ахмети: Албанците не го оспоруваат идентитетот на Македонците

Читај повеќе

Велосипедист тешко повреден во сообраќајка во Охрид

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје поради денот на полицијата

Читај повеќе

Снопче ги праша ДУИ: Со која партија ќе формирате влада и зошто не го поддржувате Пендаровски во вториот круг?

Читај повеќе
  • play_arrow

Мојсоска: Усеини од ДУИ доби 500.000 евра од ДПМНЕ во Охрид

Читај повеќе

СДСМ: Граѓаните масовно да излезат на изборите на 8 ми мај, се одлучува за иднината

Читај повеќе

На полноќ настапува молк пред вториот круг од претседателските и парламентарните избори

Читај повеќе

Путин издаде наредба: Вооружените сили на Русија ќе вежбаат употреба на нуклеарно оружје

Читај повеќе

Православните верници денеска слават втор ден Велигден и Ѓурѓовден

Читај повеќе