Брозовиќ на суд го доби Кралот на папараците

Макфакс/Кајгана
/ 29.02.2024 / 20:22

Италијанскиот новинар и фотограф Фабрицио Корона мора да му плати отштета од 5.000 евра на хрватскиот фудбалер Марцело Брозовиќ и по 7.500 евра на аргентинскиот играч Мауро Икарди и неговата сопруга Ванда Нара. Корона во 2019 година ја објави веста дека Нара има афера со Брозовиќ. Судот во Милано пресуди дека се работи за лажна вест.

Според пресудата, Корона мора да плати дополнителна казна од 1.500 евра „поради клевета“.

Брзовиќ, кој сега е во Саудиска Арабија во Ал Наср, и Икарди, кој игра за турски Галатасарај, пред пет години беа соиграчи во Интер. Корона на веб-страницата на неговиот медиум, King Corona Magazine, објави дека Икарди и Нара се разделуваат поради аферата што ја имала со Брозовиќ.

Во февруари 2019 година, насловот гласеше: „Мауро Икарди се разведува од сопругата. Ванда Нара го изневерила со соиграчот Марцело Брозовиќ“.

Ванда Нара поднесе тужба, а во април 2022 година на суд изјави дека овие „лажни информации“ влијаеле на заминувањето на Икарди од Интер во францускиот ПСЖ. Ванда Нара исто така е и менаџер на Икарди.

Корона медиумите го нарекуваат Крал на папараците бидејќи прв во јавноста лансираше неколку скандали.

На крајот на 2023 година преку својот портал ја објави веста дека италијанскиот репрезентативец Сандро Тонали учествувал во спортско обложување, иако тоа е строго забрането за спортисти. Тонали во текот на полициската истрага признал дека се обложил на натпреварите на неговиот поранешен клуб Милан.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Фудбал

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Ибра: Тешко беше да престанам да играм поради егото, не можев да ја одбијам понудата на Милан

Read more

Како Реал успеа да изнервира играч со кој освои 24 трофеи?

Read more
 

Спорт

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Читај повеќе
  • filter

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Читај повеќе

Ибра: Тешко беше да престанам да играм поради егото, не можев да ја одбијам понудата на Милан

Читај повеќе
  • play_arrow

Ферари во Мајами ќе вози во светлосина боја

Читај повеќе

Како Реал успеа да изнервира играч со кој освои 24 трофеи?

Читај повеќе

Струга пред разрешницата на сезоната се раздели со тренерот Дуро

Читај повеќе
  • play_arrow

Приказна за херојот што го сруши ПСЖ: Прекарот го добил поради забите

Читај повеќе
  • play_arrow

ФК Шкупи: Секоја недела некој ни ги краде бодовите

Читај повеќе

Подолговечен од Фергусон: Ист тренер ја води Виртус Верона 42 години

Читај повеќе