Среќни вести во семејството на актерот Брус Вилис, неговата најстара ќерка е бремена. Ова ќе биде прво внуче на Брус Вилис и неговата поранешна сопруга Деми Мур.
Румер Вилис го очекува нејзиното прво дете со партнерот Дерек Ричард Томас. Среќната вест ја објавија на Instagram.
Вилис е во романтична врска со музичкиот продуцент од почетокот на годинава, а со оваа вест ја потврдија стабилноста на нивната сврска. И Деми Мур ја сподели среќната вест на Instagram, објавувајќи исти фотографии како и нејзината ќерка, а потоа и семејна фотографија од гинеколошкиот преглед.
„Ова е навистина време со големи предизвици за нас и сме многу благодарни на вашата континуирана љубов, среќа, сочувство и поддршка. Низ сето ова минуваме како силно семејство и сакавме да ги известиме обожавателите на Брус бидејќи знаеме колку тој им значи, исто како и тие нему“, стои во објавата.
Ова е среќна вест за Брус Вилис, кој се повлече од светот на филмот откако му беше дијагностицирана афазија, нарушување на говорот што влијае на неговите когнитивни способности.