Бугарија е пред банкрот

Бугарското Министерство за финансии соопшти дека земјата се соочува со банкрот и дека постои сериозен ризик за стабилност на фиксниот курс на бугарскиот лев во однос на еврото.

Вршителот на должноста министер за финансии Росица Велкова-Желева во извештајот наведе дека влезот на Бугарија во еврозоната мора да се одложи на неодредено време.

Таа вели дека задолжувањето кај ММФ би помогнало за зачувување на фискалната стабилност, но дека тоа би можело да наметне сериозни финансиски ограничувања и дека во таа ситуација приходите ќе бидат замрзнати, пишува бугарскиот портал Новините.

„Проценките направени од Министерството за финансии покажуваат дека, доколку се задржат политиките донесени во 2022 година и ги одразуваат фискалните ефекти од прописите кои стапија на сила, со кои однапред се утврдуваат приходите и расходите, ефектот за 2023 година подразбира значително влошување на буџетското салдо во јавната администрација во износ од 6,9 отсто од БДП“, рече Велкова-Желева.

Таа нагласи дека како резултат на мерките што ги донесе собранието кое ја избра владата со премиерот Кирил Петков и министерот за финансии Асен Василев, „забележано е значително зголемување на буџетските расходи за 2023 година и на среден рок дефицитите се враќаат на околу 6 или 7 проценти од вкупниот БДП''.

Весниците пишуваат дека доколку се задржат наведените трендови на негативниот дефицит, се зголемува можноста за забрзан пристап кон предвидените горни граници на јавниот долг од 60 отсто од БДП.

„За надминување на ризиците, Владата треба да вложи максимални напори за усогласување со дигиталните фискални правила и ограничувања од Законот за јавни финансии, односно да предложи трајни мерки за консолидирање на приходите и расходите за да се достигнат целните нивоа на дефицит за периодот 2023-2026 година“, заклучи Велкова-Желева.

Тагови
реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Регион

Хрватска поради платата е привлечна за балканските работници

Read more

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Read more

Избрана е новата Влада на Србија

Read more

Договорен текстoт на резолуцијата за Сребреница

Read more
 

Вести

Хрватска поради платата е привлечна за балканските работници

Читај повеќе

Денеска е Ден на македонскиот јазик

Читај повеќе

Апасиев: Македонската платформа е единствениот спас од опасноста за федерализација на државата

Читај повеќе

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Читај повеќе
  • play_arrow

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Читај повеќе

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Читај повеќе

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Читај повеќе

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Читај повеќе

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Читај повеќе