Бугарија го ратификува Протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО

Софија, 20 февруари 2019 (МИА) – Парламентот на Република Бугарија денеска го ратификува Протоколот за членство на Република Северна Македонија во НАТО. За ратификацијата гласаа 140 пратеници, а против и воздржани немаше.

На пленарната седница на која присуствуиваше и претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, се обрати вицепремиерката и министерка за надворешни работи на Бугарија Екатераина Захариева која рече дека моментот на присоединување на Северна Македонија кон НАТО е историски за Алијансата.

-Бугарија е постојан поддржувач за влезот на Северна Македонија во НАТО. Бугарија го прифати ангажманот да работи на забрзување на процесот за евроатлантска интеграција на земјата, како и за внатрешни реформи, и за стабилизирање на регионот, рече Захариева.

Таа посочи дека политиката на проширување на НАТО се смета за еден од најуспешните инструменти за просперитет.

-Водени од тоа убедување неколку бугарски влади донесоа одлуки за склучување меморандуми со тогашната Република Македонија. Патот за присоединување кон НАТО не беше лесен за нашите соседи. Заедничките вежби на нашите армии ќе придонесат за развој на нашите способности, посочи Захариева.

Бугарија, додаде таа, ќе продолжи да го потпомага процесот на внатрешните реформи во Северна Македонија неопходни за добивање на членството.

-Членството во НАТО одбележува нова етапа во односите меѓу двете држави. Од првостепена важност е да продолжи работата на подобрување на инфраструктуратам изградбата на патишта и магистрали. Така ќе бидат отворени нови можности за иодните инвеститори што ќе помогне за развојот на нашите економии, рече шефицата на бугарската дипломатија која го поздрави присуството на ратификацијата на претседателот на Собранието на Северна Македонија, Џафери.

На седницата не присуствуваа пратениците на опозициската Бугарска социјалистичка партија. Тие веќе неколку дена го бојкотираат Парламентот поради измените на Изборниот законик.

Инаку, Џафери кој престојува во официјална посета на Бугарија пред пленарната седница одржа средба со неговата бугарска колешка Цвета Карајанчева, која истакнала дека Бугарија ќе продолжи со поддршката за напорите на Северна Македонија за европските и евроатлантските инетеграции.

-Ви честитам за успеешното завршување на ратификацијата на Договорот од Преспа и за потпишувањето на Протоколот за пристапување кон НАТО, рече Карајанчева.

Џафери од своја страна изразил благодарност за напорите и поддршката која Софија ни ја укажа за европските и евроатланстите интеграции.

– Дијалогот и соработката можат да не водат напред, рекол Џафери.

Предвидено е Џафери да има средба и со вицепремиерката и министерката за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева.

Протоколот за членство во НАТО прва го ратификуваше Грција, а досега тоа го направија и Словенија и Албанија. 

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Македонија

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Read more

Османи победи во Торонто

Read more

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Read more

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Read more
 

Вести

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Читај повеќе

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Читај повеќе
  • filter

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Читај повеќе

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Читај повеќе

Лукашенко: Украина набргу ќе престане да постои ако не се согласи на преговори

Читај повеќе