Бугарски репрезентативец итно опериран по тешката сообраќајка во Тбилиси

Фудбалерот на Ботев Пловдив, Тодор Неделев, е вон животна опасност по двочасовна операција поради повреда на главата при автобуската несреќа на бугарската фудбалска репрезентација во Тбилиси.

Несреќата, како што пренесуваат медиумите, се случи синоќа по пристигнувањето на бугарскиот национален тим во Тбилиси за неделниот натпревар меѓу Грузија и Бугарија во рамки на Лигата на нации.

Двата автобуси со кои бугарскиот национален тим се превезувал од аеродромот до хотелот, најверојатно поради несоодветна брзина на условите на патот се судриле во тунел.

Во несреќата тешко е повреден бугарскиот репрезентативец Неделев, кому поради парчиња стакло од скршениот автобуски прозорец итно му беше извршена операција на главата.

Неделев е вон животна опасност, а според лекарите на бугарскиот тим, ќе остане во болница во следните седум дена.

Бугарската фудбалска федерација потврди дека во несреќата нема други повредени.

– Бугарскиот национален тим доживеа тешка сообраќајна несреќа по пристигнувањето во Тбилиси. На пат кон хотелот, возачот на еден од двата автобуси, со кои се превезуваа играчите, загуби контрола врз воланот, предизвикувајќи како резултат на тоа тешка несреќа. Неделев е пренесен во локалната болница, а другите членови на тимот се чувствуваат добро, се наведува во официјалното соопштение. 

реклама

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Read more

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Read more

Фудбал

Орсато означи крај во Париз и се расплака

Read more

Блесна стадионот во Битола: Пуштени рефлекторите Под Тумбе Кафе

Read more

Подготвени за нов спектакл? Реал и Баерн вечерва на мегдан за финале

Read more

Тиаго Силва потпиша за Флуминенсе, доаѓа во јули

Read more
 

Спорт

Орсато означи крај во Париз и се расплака

Читај повеќе

Блесна стадионот во Битола: Пуштени рефлекторите Под Тумбе Кафе

Читај повеќе

Подготвени за нов спектакл? Реал и Баерн вечерва на мегдан за финале

Читај повеќе
  • play_arrow

На Дончиќ не му одеше шутот, Далас го загуби првиот дуел од Оклахома

Читај повеќе
  • play_arrow

Тиаго Силва потпиша за Флуминенсе, доаѓа во јули

Читај повеќе

Шампионската титула на Реал ќе му биде врачена зад затворени врати

Читај повеќе
  • play_arrow

Вембанјама едногласно избран за најдобар дебитант во НБА

Читај повеќе

Борусија во Париз по 11 години бара пласман во ЛШ финалето

Читај повеќе
  • play_arrow

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Читај повеќе