Бугарско МНР: Јавните изјави со кои се навредува С. Македонија не се официјален став на Бугарија

Јавните изјави со кои се навредува или провоцира Северна Македонија се апсолутно неприфатливи и контрапродуктивни и тие не го претставуваат официјалниот став на бугарската држава и не можат да се толкуваат како такви, соопшти бугарското Министерството за надворешни работи.

Како што се наведува во соопштението објавено на веб-страницата на бугарското МНР, Министерството ја потврдува својата категорична позиција оти политичарите и јавните личности од Бугарија и Северна Македонија имаат одговорна улога во градењето доверба и развивање на добрососедски односи меѓу двете земји, како и во намалувањето на тензиите во јавноста.

– Имајќи ја предвид заедничката историја што ги поврзува двете земји, одбележувањето на заедничките историски настани и личности, како што е годишнината од смртта на Мара Бунева, треба да доведат до зајакнување на довербата и добрососедството, се вели во соопштението на бугарското МНР.

Според Министерството, како што јави БТА, во исто време, не помалку опасни за билатералните односи се и апелите на „маргиналните партии во Северна Македонија против бугарските политичари и јавни личности кои се залагаат за заштита на правата на Бугарите во Северна Македонија и проектите за зближување на луѓето меѓу двете земји“.

– Ваквиот пристап има очигледна цел да создаде дополнителна тензија во билатералните односи во интерес на кругови кои не се заинтересирани за европската интеграција на Република Северна Македонија. Добрососедските односи со нашите пријатели во Скопје ќе се градат со дијалог, а не со забрани, се додава во соопштението на бугарското МНР.

Соопштението на бугарското МНР, следи по реакцијата на нашето МНР во врска со изјавите на бугарскиот европратеник Ангел Џамбазки и пратеникот во бугарското Собрание Костадин Костадинов за време на чествувањето на Мара Бунева во саботата во Скопје, со која беше побарано од официјална Софија, да се огради од недоличните изјави кои ги повредуваат чувствата на граѓаните на Северна Македонија, и воедно серизно им наштетуваат на напорите за унапредување на добрососедските односи.

– Министерството за надворешни работи со големо внимание ги следи изјавите на одредени маргинални политички фигури од Република Бугарија чии провокации продолжуваат, без притоа да водат сметка за напорите кои ги вложуваат двете држави за одржување на конструктивната соработка и позитивниот дух во билатералните односи меѓу двете држави, беше посочено во реакццијата на МНР упатена во неделата.

Премиерот Димитар Ковачевски вчера коментирајќи ги настапите на Џамбазки и Костадинов оцени дека иако станува збор за политички маргиналци, нивните изјави предизвикуваат вознемиреност во нашата јавност.

– Токму тоа им е и единствената цел, да провоцираат и да ги поткопуваат напорите на Северна Македонија и Бугарија да продолжат во духот на соработка и одржување на позитивен дух во билатералните односи, изјави Ковачевски.

Тој нагласи дека целта на секој политички маргиналец е да стане популарен преку вакви активности и затоа тој нема намера да им ја исполни желбата да бидат сензација и да станат популарни, кога не се популарни ниту во сопствената држава Бугарија.

Според премиерот, нашето Министерството за надворешни работи соодветно реагирало на овие изјави со нота до Софија во која ваквите постапки точно ги адресира како закана по добрососедските односи.

реклама

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Таjчи по 34 години го облече фустанот што го носеше на Евровизија

Read more

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Read more

Регион

Руски хакери ги нападнаа веб-страниците на косовските институции

Read more

Советот на Европската Унија го усвои планот за раст за Западен Балкан

Read more

Хрватска поради платата е привлечна за балканските работници

Read more

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Read more
 

Вести

Руски хакери ги нападнаа веб-страниците на косовските институции

Читај повеќе

Три лица се обиделе да влезат во објект каде што се чува изборен материјал, не е причинета штета

Читај повеќе

Самостојна изложба на Камуран Горанци, Код 4

Читај повеќе

Венеција за само 11 дена заработи огромна сума на пари со наплата на влезници

Читај повеќе

Хамас ќе предаде 33 заложници, некои од нив се мртви

Читај повеќе

Кривични против поранешен градоначалник на скопска општина и директорка на детска градинка

Читај повеќе

Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР

Читај повеќе

На денот на изборите автобусите по неделен возен ред, жичницата нема да работи

Читај повеќе

Италијанскиот министер за одбрана: Треба да преговараме со Путин

Читај повеќе