Бугарското МНР го повика македонскиот амбасадор: Политичари даваат лажни изјави за Бугарија

Бугарското МНР објави дека го повикало вонредниот и ополномоштен амбасадор на Македонија во Софија во врска со, како што велат, недамнешните јавни коментари на политичари од соседната држава и од нив распространетите неточни тврдења во однос на Република Бугарија.

Од Министерството нагласуваат дека категорично се противат на обидот Бугарија и билатералните односи да се вклучат во внатрешната политичка дебата во Македонија, вклучително и во контекст на актуелната изборна кампања.

„Бугарија постојано одржува конструктивен тон и се воздржува од коментирање на постојаните провокации во јавниот простор на Северна Македонија. Тоа го прави со разбирање дека е неопходно да се обезбеди конструктивна средина за нормално одвивање на изборниот процес за да може да се спроведат потребните реформи. За жал, очигледно е дека овие напори на Бугарија не се разбрани и ценети од одредени фактори во Скопје, кои продолжуваат да ја користат нашата земја како изговор за недостигот на напредок пред своите граѓани“, велат од бугарското МНР.

Ги повикуваат македонските политичари да ја покажат потребната политичка зрелост, да дадат конструктивен придонес во спроведувањето на политичките обврски преземени во 2022 година и строго да го почитуваат Договорот за добрососедство од 2017 година.

„Тоа е единствената можност да се постигне вистински напредок во процесот на европска интеграција на земјата за доброто на нејзините граѓани“, велат од бугарското МНР.

На соопштението претходеше тоа што бугарското ВМРО порача да биде повикан македонскиот амбасадор поради изјавите на актуелниот претседател, Стево Пендаровски, поради, како што велат „говор на омраза кон бугарската држава“.

Пендаровски деновиве во два наврата, укажувајќи дека ВМРО-ДПМНЕ шират лаги, изјави дека ако успеат да ги натераат Бугарите да го променат нивниот Устав и ако успеат Македонците кои се таму во огромен број да бидат признаени како национално малцинство, тој ќе биде првиот кој ќе се зачлени во ВМРО-ДПМНЕ. Како што рече, станува збор за детски муабет. Понатаму, Пендаровски укажа и на состојбата дека договорот со Бугарија не беше спорен цели три години, а стана проблематичен кога Софија под својата стара комунистичка националистичка гарда почна да измислува причини за блокада, кои во самиот договор ги нема.

Бугарскиот новинар Велизар Енчев, познат и како поранешен соработник на комунистичката служба за безбедност, во Facebook статус го обвини македонскиот претседател Стево Пендаровски дека ѝ објавил војна на Бугарија коментирајќи ја состојбата со македонското малцинство во државата.

реклама

Божиќен подарок за Путин: Еден од најголемите сојузници на Украина ѝ врти грб

Read more

Податоците од НАСА покажуваат дека 3I/ATLAS одеднаш забрзал и ја променил траекторијата по перихелот

Read more

Почнува ретрограден Меркур: Што ќе му донесе на вашиот хороскопски знак?

Read more

Подгответе совршено домашно топло чоколадо

Read more

Регион

Албанија усвои закон за родова рамноправност

Read more

Вучиќ: Мојот мандат наскоро ќе заврши и ќе дојде некој пошармантен од мене

Read more

По убиството на Алеш Шутар, Словенија ги зголемува овластувањата на полицијата

Read more

Девојка нападна полицаец со нож во Белград, тој ја застрела во нога

Read more
 

Вести

ЕК го заострува издавањето визи за руските граѓани

Читај повеќе

Путин не му се лути на Лавров бидејќи потфрли со Трамп

Читај повеќе

Митески го доби мандатот за градоначалник на Аеродром

Читај повеќе

За мито од 50.000 евра директор дал финансиска помош од ИПАРД програмата

Читај повеќе

Скопјанец репетирал пиштол во угостителски објект во Центар

Читај повеќе

Од Зелениково до Центар за 25 минути со градски воз?

Читај повеќе

7 ноември 1829, роден е Марко Цепенков

Читај повеќе

Силјановска-Давкова прифати да биде покровителка на 60. издание на МТФ „Војдан Чернодрински“

Читај повеќе

Втор саем на еколошки бизниси во рамки на Skopje Design Week 2025

Читај повеќе