Bugatti Bolide за прв пат се појави пред јавноста

Во пресрет на прославата на 100-тиот роденден на познатата трка настапи и Bugatti.

Поточно, тој се врати на 24 часа Ле Ман, но за разлика од првата трка пред 100 години, кога беше еден од првите учесници, сега ја доби честа да го означи почетокот на настанот со кој се прославува годишнината од трката.

Bugatti не учествуваше во историската трка, но затоа беше организирана премиерата на моделот Bolide, односно неговото прво појавување во јавноста.

Така Bugatti ја искористи роденденската прослава на една од најпознатите трки за да го промовира својот најекстремен автомобил во својата 114-годишна историја. Станува збор за автомобил што е дозволен само на патеката, и за прв пат се појави на култната патека Circuit de la Sarthe, каде што се одржува трката 24 часа Ле Ман.

Погодувате, зад воланот е Енди Валас, пензиониран тркачки возач и официјален тест-возач на Bugatti со години. Тој е еден од ретките кои победија на 24 часа Ле Ман (1988), но и на 24 часа Дејтона и 12 часа на Себринг.

„ Bolide изгледа и се вози во секој поглед како вистински тркачки автомобил со навистина извонредни способности за високи перформанси“, рече Валас. „Фактот што генерира надолна сила од приближно двојно поголема од својата тежина при максимална брзина, давајќи му на автомобилот многу високо ниво на држење и стабилност при брзи свиоци, сам по себе е неверојатно импресивен“.

За потсетување, Bolide е придвижуван од моќен 8.0 W16 мотор со 1600 КС со четири турбини и има Brembo сопирачки со Формула 1 технологија.

Да кажеме и дека Bugatti го донесе EB110S на патеката Ле Ман, со која се натпреваруваше во 1994 година, а беше придружуван од легендарниот Type 50S, кој во негово време, во 1930-тите, го возеле Луис Широн и Алберт Диво.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by BUGATTI (@bugatti)

Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Авто новости

Соочување на теренците: Ferrari Purosangue против Lamborghini Urus

Read more

Колку е навистина реално автоматското возење?

Read more

Renault официјално го претстави Symbioz: По стапките на Espace и Scenic

Read more

ЕУ ја промаши целта – нема каде да се полнат електричните автомобили

Read more
 

Автомобили

  • play_arrow

Соочување на теренците: Ferrari Purosangue против Lamborghini Urus

Читај повеќе

Колку е навистина реално автоматското возење?

Читај повеќе
  • filter

Renault официјално го претстави Symbioz: По стапките на Espace и Scenic

Читај повеќе

ЕУ ја промаши целта – нема каде да се полнат електричните автомобили

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Да, ова футуристичко чудо е Škoda

Читај повеќе

Промените во звукот на моторот може да бидат знак за сериозни проблеми

Читај повеќе

Како Xiaomi планира да ја турне Tesla од престолот?

Читај повеќе
  • filter

Како ќе изгледа новата Mazda 6?

Читај повеќе
  • play_arrow

Lotus шокираше на Нирбургринг: Електричната Evia извозе рекорден круг

Читај повеќе