БУНДЕСЛИГА 2019/20

Бундеслигата сега има проблем со ТВ-правата

Следејќи го календарот, Фортуна - Падерборн треба да биде натпреварот кој ќе го скрши мразот, но се појави проблем со ТВ-правата кој треба да се реши во најбрз можен рок бидејќи во спротивно натпреварот освен што ќе биде со празни трибини, нема да биде достапен и на малите екрани.

Бундеслигата е во брзање. Германија сака да се покаже како локомотивата која ќе ја поведе Европа назад во фудбалскиот свет. Ангела Меркел даде зелено светло, а Лигата синоќа соопшти дека наредниот петок, на 15 мај, ќе се реотвори сезоната.

Неколку клубови побараа стартот да биде на 22 мај бидејќи имаат потреба од уште некоја недела плус за тренинзи со оглед на тоа што некои дури од понеделникот почнаа со тренинзи, но не групни. Сепак, време нема, бидејќи планот е да се заврши сезоната до 30 јуни. Лигата денес ќе го комплетира календарот на кој треба да се додадат натпреварите од ДФБ купот, двете полуфиналиња и финалето.

Проблем сега се ТВ-правата кои за емитување во Германија ги имаат Sky Deutschland и Eurosport, но овој вториот не ја плати последната рата. Eurosport, всушност, натпреварите не ги емитува во Германија, туку во странство, но своите права за домашниот пазар му ги препродаде на DAZN. Сега проблемот е што DAZN има платено, а не може да емитува бидејќи Eurosport го нема доисплатено својот дел. Eurosport не ја плати ратата поради финансиски проблеми на Discovery, која го има под своја капа Eurosport.

DAZN ги има правата токму за натпреварите кои се играат во петок вечер. Поради овој проблем, може да се случи покрај тоа што ќе се игра пред празни трибини, реотворањето на сезоната да го нема и на тв. Sky Deutschland нема права да пренесува во петок вечер.

Доколку овој проблем не се среди, Падерборн и Фортуна ќе играат во тотален мрак.

Момент од првиот натпревар помеѓу Падерборн и Фортуна кој заврши 2:0
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Фудбал

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Read more

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Read more

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Read more

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Read more
 

Спорт

Тренерот на Лејкерс доби отказ: Последниве две години беа пеколни

Читај повеќе
  • play_arrow

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Читај повеќе

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Читај повеќе

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Тајсон пред големата борба: Тешко му е без секс и марихуана

Читај повеќе
  • play_arrow

Спектакуларниот Брансон го донесе Њујорк во полуфиналето на Истокот, крај за Бакс

Читај повеќе
  • filter

Грчка новинарка влезе во историјата на Евролигата: Тука сум да кршам стереотипи

Читај повеќе

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Читај повеќе
  • filter

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Читај повеќе