Бурата што го погоди Пекинг не била песочна, туку нешто многу полошо

Бурата која пред неколку дена го прекри Пекинг не била песочна, туку бура од прашина.

Ова можеби звучи како неважна разлика која им е важно единствено на геолозите, но величината на честички игра огромна улога по здравјето на луѓето.

Зрното на песочна честичка е од размер поголем од 0.06 милиметри, додека честичките прашина се помали, полесни и можат да патуваат многу, многу далеку. Ветерот нема така лесно да го издува песокот на оддалеченост од стотина километри, додека прашината многу полесно ќе се прошири и во делови на светот.

Честичките помали од 10 микрометри, особено оние помали 2.5 микрометри, претставуваат сериозна закана за човечкото здравје бидејќи се доволно мали за да завршат во нашите бели дробови.

Што ја предизвикува бурата од прашина? Станува збор за природен процес или можеби е резултат од климатските промени?

Одговорот го дава геологот Мет Телфер од Универзитетот Плимот.

„Одговорот е сложен и веројатно се работи за комбинација од повеќе фактори, наведе тој за списанието Conversation.

Научниците во неодамнешна студија анализирале колку во последните 2000 години во Кина влијаеле климатските промени и разните општествени системи на зачестеноста на бурите од прашина. Откриле дека порастот на бројот на бури се усогласува со зголемениот број на жители и засилувањето на азиската монсунска циркулација.

Зачестеноста на таквите бури се зголемува во текот на периодите на силни дождови бидејќи тогаш популацијата побрзо се развивала и се користеле поголеми земјоделски површини.

Друг фактор кој влијае на појава на бура од прашина е од природно потекло.

Овие бури имаат и позитивна улога, до океанот пренесуваат клучни минерални хранливи состојки како железо. Други истражувања покажаа дека прашината од Сахара игра пресудна улога во опрашување на амазонската прашума со хранлив фосфор.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Што е сексомнија?

Read more

Живот

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Како да станете поодговорни со вашите пари?

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more
 

Магазин

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Читај повеќе

Време е да научите како паметно да се расправате во врската

Читај повеќе

Дали не смеете да јадете црвено месо?

Читај повеќе
  • filter

Фараоновото проклетство: Дали прерано ќе умре оној кој ќе ја отвори гробницата?

Читај повеќе

Зошто не е добра идеја да пиете кафе после јадење?

Читај повеќе

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Читај повеќе

Како да станете поодговорни со вашите пари?

Читај повеќе

Несоницата предизвикува мозочни и срцеви удари

Читај повеќе

Што е сексомнија?

Читај повеќе