Burger King сè уште работи во Русија

Макфакс
/ 03.10.2023 / 11:55

Burger King сè уште е отворен во Русија и покрај тоа што сопственикот на франшизата вети дека ќе го напушти тој пазар пред повеќе од една година. Од Restaurant Brands International (RBI), кој поседува 15% од бизнисите со франшиза за брза храна во Русија, велат дека моментално нема нови информации за неговото излегување од рускиот пазар.

Во март минатата година компанијата објави дека го започнала процесот на напуштање на Русија. Од избувнувањето на војната во Украина, западните компании беа под притисок да ја напуштат Русија. Критичарите ја обвинија RBI дека го поддржува режимот на Путин со тоа што не го продава својот удел во рускиот бизнис.

RBI, една од најголемите светски компании за ресторани за брза храна, го наведе својот комплициран договор за франшиза како причина за тешкотиите во обидот за излез од земјата. Тие рекоа дека во овој бизнис имаат три партнери за околу 800 ресторани.

Дејвид Шир, претседател на RBI, изјави дека главниот оператор на Бургер Кинг во Русија одбил да ги затвори своите продажни места по првите напади на Украина. Но, тој додаде дека компанијата го започнала процесот на решавање на сопствениот удел од 15% и дека ќе потрае некое време.

Додека Burger King сè уште работи во Русија, неговиот најголем ривал McDonald's, кој беше корпоративен сопственик на повеќето ресторани, успеа да ја напушти земјата.

реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Свет

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Read more

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Read more

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Read more

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Read more
 

Вести

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе