Царовска: Училишна матура и стручен испит се избори за оние кои не сакаат да полагаат државна матура

Државната матура е изборна и оние кои не сакаат да ја полагаат, имаат можност да изберат училишна матура или стручен испит, и може да полагаат токму тоа што го бараат, два предмета и проектна задача, го повтори и денеска ставот министерката за образование и наука Мила Царовска во однос на барањето на Средношколски сојуз за измени на концептот за полагање на завршниот испит односно наместо четири да полагаат два предмета.

– Матурата е законска обврска за оние кои сакаат да продолжат во високото образование во државата или надвор од неа. Средното образование е задолжително, а државната матура е изборна. За неа се имаат пријавено повеќе од 14 илјади ученици во соодветниот рок и проектна задача и изборни предмети, рече Царовска и, според неа, тоа укажува дека тие веројатно и ќе полагаат, а тоа е и бројот на ученици кои го завршуваат средното образование.

Нагласи дека МОН има законска обврска да им го овозможи правото на средношколците кои сакаат да полагаат државна матура, а другите имаат уште два избора да го заокружат своето средно образование.

Министерката рече дека слушнала оти има сајбер-насилство меѓу врсници и притисоци за влегување во бојкот и ги повика училиштата, а и родителите, да поразговараат со своите деца ако трпат таков вид насилство.

Во однос на нацрт-концепцијата, за која и денеска имаше средба со претставници на граѓански организации, Царовска соопшти дека досега имале 30-ина забелешки по електронска пошта, во јавноста има, рече, и отворени писма, и дека конструктивните коментари ќе бидат земени предвид,

Дебатата би требало да трае до средината на февруари, кога ќе се заокружат сите коментари за, како што рече министерката, да се влезе во интензивна подготовка на наставни програми и наставни материјали.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Грција воведува шестдневна работна недела

Read more

Македонија

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2024 година

Read more

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ

Read more

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу во Скопје

Read more

ВМРО-ДПМНЕ: СДС коваат две сценарија –бојкот на избори или влада со ДУИ

Read more
 

Вести

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2024 година

Читај повеќе

Уапсен дилер од Штип, пронајдена дрога и голема сума пари

Читај повеќе

27 април 1952, роден е Горан Стефановски

Читај повеќе

Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка

Читај повеќе

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ

Читај повеќе

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу во Скопје

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: СДС коваат две сценарија –бојкот на избори или влада со ДУИ

Читај повеќе

Променливо време со температури до 23°C, затоплување од понеделник

Читај повеќе

Украина не го доби она што најмногу го сакаше од Американците

Читај повеќе