Царовска: Вработените во градинките добиваат за 16 отсто повисоки плати

Скопје, 23 јули 2019 (МИА) – Вработените во градинките од јуни добиваат за 16 отсто повисоки плати, што е најголемо покачување досега, изјави министерката за труд и социјална политика Мила Царовска пред денешната средба со вработените од градинките на која беше презентиран новиот систем за плати.

– Среќна сум што кадарот во градинките, заслужен за грижата на нашите деца, кои се иднината на нашата држава, добија драстично зголемување на платите. Почнувајќи од јунската плата која на поголемиот дел од вработените веќе им е исплатена, стручниот кадар доби зголемување во просек од 16 проценти, што е околу 3.000 денари во нето износ по вработен, рече Царовска.

Во септември, како што најави таа, вработените во детската заштита ќе добијат и уште едно зголемување од пет проценти, со кое вработените во детските градинки во Република Северна Македонија добиваат покачување на платите за 21 отсто што е најголемо до сега.

– Нето платата на воспитувач со високо образование се зголемува за 16,26 отсто односно од 20.546 денари на 23.731 денар, а со пресметан минат труд за вработен со 15 години стаж ќе изнесува 25.511 денари. Зголемувањето на платите се прави согласно Законот за вработените во јавниот сектор и со него ќе бидат опфати 3.138 од вкупно 4.577 вработени, односно 68,5 отсто, истакна министерката.

Во оваа група, како што додаде Царовска, влегуваат воспитувачи, негователи, стручни работници и стручни соработници-педагог, психолог, логопед, дефектолог и други за вршење на работи поврзани со дејноста згрижување и воспитување на деца од предучилишна возраст. Истовремено, се зголемуваат и платите на помошно техничкиот пероснал во градинките и ова покачување е утврдено со колективниот договор.

Царовска нагласи дека првпат се воведува кариерен развој на воспитувачите/ките, но и систем на плати за директорите/ките на градинките, чија висина ќе варира од капациетот на бројот на децата. Министерството за труд и социјална политика, како што додаде таа, продолжува посветено да работи на унапредување на раниот детски развој којшто е клучен за понатамошниот развој на секое дете.

– Со зголемувањето на платите, но и со проширувањето на капацитетите на градинките и јакнењето на професионалните компетенции го враќаме достоинството на професијата воспитувач која што беше заборавена години наназад, рече Царовска.

Директорката на градинката „Мајски цветови“ во Карпош, Ангела Ангеловска Усевска, која се обрати во името на сите вработени во градинките, рече дека првпат по долго време во предучилишното образование и воспитание се случуваат позитивни промени.

– Првпат е пропишан кариерен развој и се воведува напредување на стручниот кадар, што ќе делува мотивирачки на вработените кои и досега и покрај ниските примања беспрекорно ја извршуваа својата работа и беа ентузијасти. Ова е мотив плус да дадат се од себе, бидејќи ова е професија која пред сѐ бара љубов кон децата, нагласи Ангеловска Усевска.

Заложба на МТСП е опфатот на деца во предучилишно образование да се зголеми за 50 отсто. Во изминатите две години се отворени 24 нови објекти, а досега се обезбедени 1.400 согласности за вработувања во градинките. За изградба на нови градинки годинава МТСП издвои 300 проценти поголем буџет од лани, а за оваа намена се достапни и 15 милиони евра од Светска Банка.

реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Македонија

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2024 година

Read more

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ

Read more

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу во Скопје

Read more

ВМРО-ДПМНЕ: СДС коваат две сценарија –бојкот на избори или влада со ДУИ

Read more
 

Вести

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2024 година

Читај повеќе

Уапсен дилер од Штип, пронајдена дрога и голема сума пари

Читај повеќе

27 април 1952, роден е Горан Стефановски

Читај повеќе

Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка

Читај повеќе

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ

Читај повеќе

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу во Скопје

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: СДС коваат две сценарија –бојкот на избори или влада со ДУИ

Читај повеќе

Променливо време со температури до 23°C, затоплување од понеделник

Читај повеќе

Украина не го доби она што најмногу го сакаше од Американците

Читај повеќе