Целосно вакцинирани 35 проценти од населението, 38 отсто со една доза

Согласно податоците од Министерство за здравство, 35 проценти од популацијата во државата примила две дози вакцина, додека според бројот на аплицирани вакцини, 38 отсто од целата популација во нашата земја се вакцинирани барем со една доза.

Резултатите од нова француска студија покажуваат дека вакцинацијата против COVID-19 го намалува ризикот од хоспитализација и смрт за 90 проценти кај луѓето постари од 50 години и се чини дека е ефикасна против Делта варијантата на вирусот.

-Ова значи дека вакцинираните луѓе имаат девет пати помал ризик за хоспитализација или смрт од COVID-19 отколку невакцинираните луѓе, изјави за AFP епидемиологот Махмуд Зуреик, кој ја предводи научната група Епи-Фаре.

Во студијата се наведува дека од 14-тиот ден по втората доза на вакцината „забележано е намалување на ризикот од хоспитализација за повеќе од 90 проценти“

Истражувањето е направено според податоци од 11 милиони вакцинирани лица, постари од 50 години споредбено со податоци за 11 милиони невакцинирани лица во иста возрасна група, во период од 27 декември 2020 година до 20 јули 2021 година.

Ова истражување се однесува само на вакцините Фајзер/БиоНТек, Модерна и АстраЗенека. Во Северна Македонија се достапни Фајзер/БиоНТек, што е дозволена и за лицата од 12 години  и АстраЗенека, која е достапна за лицата над 60 години.

Комитетот за имунизација препорача трета доза „Фајзер“ не само за лица над 60 години и за здравствени работници, туку и за кои било други граѓани доколку се изложени на ризик од COVID-19, поради тоа што имаат чести контакти на работа или приватно, без оглед на возраста и дали имаат или немаат хронични болести.  Податоците од Министерството за здравство покажуваат дека до 9 октомври трета доза примиле 782 граѓани.

Оваа недела се очекува да започне и тестирање на 8.200 ученици од основните и средните училишта. Тестирањето ќе се одвива по случаен избор од регистарот на Е-дневникот и е во согласност на нивните родители.

Скринингот е предвиден да трае пет дена, а дневно да бидат тестирани по околу 1.600 деца, во самите училишта од мобилни екипи. Тестирањето во средните и основни училишта, како што појаснуваат надлежните се одвива се со цел да се добие податок за евентуална трансмисија на вирусот во училиштата.

Во училиштата  вакцинирани се  околу 75 отсто од наставниците, додека настава на далечина следат околу два проценти од учениците, според податоците на Министерството за образование и наука.

Најмногу активни случаи има во Скопје, 3.550, Куманово е на второ место со 612 активни случаи и на трето место е Тетово со 187.

Тагови
реклама

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more

Македонија

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Мисајловски: На 8 мај да ставиме печат на историската победа

Read more

Димитриевски: Го поддржав Пендаровски во минатиот мандат, но истата грешка нема да ја повторам

Read more

Ахмети: Албанците не го оспоруваат идентитетот на Македонците

Read more
 

Вести

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Читај повеќе

Мисајловски: На 8 мај да ставиме печат на историската победа

Читај повеќе
  • play_arrow

Димитриевски: Го поддржав Пендаровски во минатиот мандат, но истата грешка нема да ја повторам

Читај повеќе

Ахмети: Албанците не го оспоруваат идентитетот на Македонците

Читај повеќе

Велосипедист тешко повреден во сообраќајка во Охрид

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје поради денот на полицијата

Читај повеќе

Снопче ги праша ДУИ: Со која партија ќе формирате влада и зошто не го поддржувате Пендаровски во вториот круг?

Читај повеќе
  • play_arrow

Мојсоска: Усеини од ДУИ доби 500.000 евра од ДПМНЕ во Охрид

Читај повеќе

СДСМ: Граѓаните масовно да излезат на изборите на 8 ми мај, се одлучува за иднината

Читај повеќе