Цените на гасот скокнаа, доларот ослабе

На азиските берзи се тргува внимателно, а берзанските индекси се стабилни, додека инвеститорите го следат понатамошниот развој на настаните откако Западот најави санкции против Русија поради влегувањето на нејзините војници во два проруски региони во Украина.

Берзанските индекси утрово растат

Азиско-пацифичкиот берзански индекс MSCI, без јапонскиот, околу 6:45 часот беше во плус 0,2 отсто откако вчера потона за околу 1,5 отсто. Утрово берзанските индекси во Јужна Кореја, Австралија, Шангај и Хонгконг пораснаа меѓу 0,4 и 0,8 отсто, додека во Јапонија поради празниците не работат.

Берзите се смирија по вчерашниот остар пад, бидејќи стивна почетниот шок од влегувањето на руската војска во двата одметнати проруски региони во источна Украина. Ова вчера предизвика остра осуда и санкции од Западот против Русија, но стравувањата од војна во Источна Европа.

Американскиот претседател Џо Бајден го најави првиот бран санкции против Русија и рече дека се надева оти дипломатското решение сè уште е можно. Бајден рече и дека САД немаат намера да војуваат со Русија и дека санкциите меѓу другото се насочени кон руските банки и државниот долг.

Цените на гасот во Европа скокнаа за 11 отсто

Велика Британија најави и санкции против Русија, додека Германија го замрзна гасоводот Северен поток 2, кој требаше значително да ја зголеми продажбата на руски гас. Цената на гасот во Европа скокна за 11 отсто.

„Мерките објавени од Бајден не се толку остри како што стравуваа инвеститорите. Но, сепак очекувам нестабилна трговија бидејќи украинско-руската криза не е завршена“, рече Алан Ланц, претседател на Alan B. Lancz & Associates.

Доларот ослабе, цената на нафтата порасна

А на валутните пазари вредноста на доларот во однос на кошницата валути благо падна. Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на САД во однос на другите шест најважни светски валути, утринава се движи околу 96,05 поени, додека вчера во ова време изнесуваше 96,22 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна од вчерашните 114,65 на 115,05 јени. Но, американската валута ослабна во однос на европската, па цената на еврото достигна 1,1330 долари, додека вчера во овој момент беше 1,1300 долари.

Цените на нафтата, од друга страна, се движат на највисоките нивоа во повеќе од седум години, бидејќи трговците стравуваат од прекини во снабдувањето со енергија на Русија. На лондонскиот пазар цената на барелот порасна за 0,3 отсто на 97,15 долари, додека на американскиот пазар барелот поскапе за 0,25 отсто на 92,20 долари.

реклама

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Таjчи по 34 години го облече фустанот што го носеше на Евровизија

Read more

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Read more

Бизнис

Цените на нафтата се задржаа над 83 долари

Read more

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Read more

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Read more

Паѓаат приходите на Starbucks, дали бојкотот успева?

Read more
 

Вести

Руски хакери ги нападнаа веб-страниците на косовските институции

Читај повеќе

Три лица се обиделе да влезат во објект каде што се чува изборен материјал, не е причинета штета

Читај повеќе

Самостојна изложба на Камуран Горанци, Код 4

Читај повеќе

Венеција за само 11 дена заработи огромна сума на пари со наплата на влезници

Читај повеќе

Хамас ќе предаде 33 заложници, некои од нив се мртви

Читај повеќе

Кривични против поранешен градоначалник на скопска општина и директорка на детска градинка

Читај повеќе

Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР

Читај повеќе

На денот на изборите автобусите по неделен возен ред, жичницата нема да работи

Читај повеќе

Италијанскиот министер за одбрана: Треба да преговараме со Путин

Читај повеќе