Цените на основните прехранбени производи остануваат замрзнати до 28 февруари

Скопје, 28 јануари 2022 (МИА) – Владата на денешната осма седница донесе одлука до 28 февруари 2022 година да продолжи важноста на мерката за определување највисоки цени на основните прехранбени производи – лебот, шеќерот, брашното – тип 400, сончогледовото масло за јадење, трајното млеко со масленост од 2,8, 3,2 и 3,5 проценти, свежото месо и сувомеснатите производи, сирењето и урдата, оризот, јајцата и тестенините.

Како што соопшти владината Прес-служба, со оваа одлука највисоките цени на овие производи остануваат на нивото на редовните цени кои се применувале на 1 декември 2021 година, во трговијата на големо и трговијата на мало, при што се исклучуваат цените на попуст, како акциски попуст, снижувања или распродажба, кои важеле на 1 декември 2021 година.

– Оваа интервентна мерка на пазарот, која започна да се применува од 6 декември 2021 година ќе продолжи да се применува до 28 февруари 2022 година, се додава во соопштението.

Претходно, министерот за економија Крешник Бектеши на својот Фејсбук профил објави дека ресорното Министерството доставило одлука до Владата со која се предлага мерката за замрзнување на цените на основните прехранбени производи да се продолжи до крајот на февруари 2022 година.

реклама

Македонија

Здружение Бранител 2001: По 22 години конечно некој во државата за која се боревме се сети дека постоиме

Read more

Мицкоски: Пендаровски и Ковачевски се „киднапирани“ од ДУИ

Read more

Левица: Македонските бранители ќе добијат олеснувања од обврските кон матичната општина

Read more

Демократски сојуз: Евроинтеграциските процеси ги блокираат власта и Бугарија

Read more
 

Вести

Здружение Бранител 2001: По 22 години конечно некој во државата за која се боревме се сети дека постоиме

Читај повеќе

Харадинај: Курти отиде во крајност, поттикна конфликти, да ја напушти владата бидејќи е опасност за земјата

Читај повеќе

Мицкоски: Пендаровски и Ковачевски се „киднапирани“ од ДУИ

Читај повеќе

Левица: Македонските бранители ќе добијат олеснувања од обврските кон матичната општина

Читај повеќе
  • play_arrow

Еден загинат, повеќе повредени во тешка сообраќајна несреќа на патот Охрид-Кичево

Читај повеќе

13 членови на исто семејство починаа откако јаделе отровна каша

Читај повеќе

Фон дер Лајен најави нов план за Западен Балкан: 4 столба за забрзување на патот кон ЕУ

Читај повеќе

Путин: Конфронтацијата меѓу Русија и Украина беше неизбежна, за жал се покажа како нецивилизирана

Читај повеќе

Курти: Решението е или толпата да се врати во Србија или да заврши во косовските затвори

Читај повеќе