Skip to main content
Насловна

Featured Main Menu

  • Вести
  • Спорт
  • Магазин
  • Гик
  • Форум
search

Main navigation

  • Вести
    • Македонија
    • Свет
    • Регион
    • Бизнис
    • Култура
    • Хроника
  • Фото
    • Вести
    • Бејбс
    • Спорт
    • Автомобили
    • Маркетинг
    • Уметност
    • Останато
  • Спорт
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Ф1
    • Тенис
    • Останати спортови
  • Сцена
    • Филм & ТВ
    • Рецензии
    • МК сцена
    • Музика
  • Автомобили
    • Авто новости
    • Возевме
    • Концепти
    • Мотори
  • Магазин
    • Пробавме
    • Љубов и секс
    • Здравје
    • Живот
    • Фит
    • Стил
    • Архитектура
    • Книги
    • Чек дис аут
    • #мкфејл
    • Рецепти
  • Видео
    • Забава
    • Спорт
    • Музика
    • Авто-мото
    • Наука и технологија
    • Реклами
    • Останато
  • Гик
    • Вести
    • Интервјуа
    • Гејминг
    • Интернет
    • Мобилни
    • Наука
    • Рецензии
    • Софтвер
    • Фото
    • Хардвер
  • Интервју
  • Теми и коментари
  • Форум
  • Промо
Австрија - МНР често го греши со она на Латвија
Азербејџан - да внимаваат на Таџикистан
Албанија - не би требало да го згрешат, на пола МНР им е прво знаме
Андора - да се обрне внимание да не се помеша со Молдавија или Романија
Белгија - може да им се гледа како превртено на Германија
Белорусија - доволно е препознатливо за да не се греши
Босна и Херцеговина - не би се изненадиле да го помешаат со Косово или ЕУ
Бугарија - слично е со Унгарија и Татарстан, МНР особено треба да внимава да не предизвика нова протестна нота од Софија
Ватикан - знамето на државичката на папата сигурно го знаат
Грузија - ништо чудно МНР да го згреши со она на Англија
Германија - можно е да го збркаат со Белгија
Грција - нема шанси да го промашат
Данска - да внимаат оти сите нордиски земји имаат знамиња со сличен крст
Естонија - ова сме сигурни дека го знаат
Ерменија - доволно е препознатливо
Ирска - ама според МНР може да е и Брег на Слонова Коска, нели?
Исланд - уште една нордиска замка за талентите во МНР
Италија - Бугарија превртено? Не, повеќе е Унгарија превртено
Казахстан - ова го знаат од Борат
Кипар - можеби ќе се помислат, ако ништо друго ќе го изгуглаат
Латвија - или Австрија да не е? Сепак е Латвија
Литванија - ова го научија откако ги средивме во кошарка кај нив
Лихтенштајн - ова им е сигурно небитно
Луксембург - или што би рекле во МНР, можеби е Холандија?!
Македонија - или што би рекле од МНР - Северна Македонија
Малта - земјата каде граѓаните им бегаат по сезонска работа
Молдавија - Романија ама со грб, па и на Андора личи
Монако - исто е како на Индонезија, само коцкасто и потемна црвена. За МНР може да биде и превртена Полска
Норвешка - како Исланд само обратно боите
Обединето Кралство - не, ова не е знамето на Англија
Полска - Монако превртено наопаку
Португалија - го знаат ради Кристијано Роналдо
Романија - Молдавија и Андора само без грбот
Русија - по толку санкции сигурно барем знамето им го научија
Сан Марино - во МНР сигурно се во стил „Штооооо? Зарем ова е држава?“
Словачка - да, ОВА Е СЛОВАЧКА!
Словенија - НЕ, ОВА НЕ Е СЛОВАЧКА!
Србија - ова го знаат ради Отворен Балкан
Турција - го знаат 100%
Украина - после толку тупење по социјални мрежи, ова и на сон го знаат
Финска - една од нордиските проблематики
Франција - во 2019 го сменија ставајќи потемна сина боја, да се внимава да не се употреби старото знаме со посветлата
Холандија - Луксембург само потемно
Хрватска - шаховницата ќе ги потсети, нема да го згрешат
Црна Гора - веројатно во МНР се чудат зошто нема црна боја
Чешка - или Чехословачка? Па и на двете е, односно на втората беше
Швајцарија - Црвен крст само обратно
Шведска - единствената нордиска земја која има жолта боја на знамето
Шпанија - веројатно го знаат
Абхазија - можеби во иднина ќе треба да признаат независност, па нека си го знаат
Англија - е ова на Англија, не на Обединето Кралство
Велс - лесно се памти оти е најубаво
Гернси - автономен крунски посед на британскиот монарх
Гибралтар - спаѓа под Обединетото Кралство, ама во некои области делува самостојно
Јужна Осетија - исто важи како за Абхазија
Косово - не би требало да го згрешат, ама сѐ е можно
Ман - самоуправна територија на Британската Круна
Северен Кипар - не личи на кипарското, повеќе на турското само обратно боите
Северна Ирска - неофицијално знаме, нема ни да им треба на МНР
Транснистрија - апла советско
Фраски Острови - не е држава, територија е под Данска ама во некои области дејствува самостојно
Џерси - автономен крунски посед на британскиот монарх
Шкотска - ова добро да го научат оти наскоро можно е да отвораат амбасада таму откако ќе прогласи Шкотска независност
реклама

Час по вексилологија за МНР

По најновиот гаф на МНР, каде очигледно се начукани вексилолошки страшно необразовани партиски кадри, одлучивме да одржиме еден час по оваа интересна наука.

Веројатно во МНР не знаат ни што е вексилологија, па да почнеме оттаму: вексилологија е наука за знамињата, без разлика дали се знамиња на држави, градови, општини, спортски клубови и што уште не, и без разлика какви се нивните форми и димензии.

Во оваа галерија вработените во МНР имаат можност да ги научат знамињата на сите држави во Европа, за нареден пат да не ја срамат државата со вакви прости гафови. Ќе ги учиме знамињата на сите независни држави, но и оние кои се делумно признати, како и на некои поважни територии кои во одредени области имаат некаква самостојност.

Останато

Познати личности и нивните восочни фигури: Кој е вистинскиот?

Read more

Поглед во суперјахтата Silent 120 Explorer со дрон и подморница

Read more

Instagram Vs. реален живот, смешни фотографии

Read more

Прошетка низ седумте најубави пазари во светот

Read more