Челзи најде начин да го задржи Азар

Лондон, 18 октомври 2018 (МИА) – Челзи ќе стори сѐ за да ја задржи својата голема ѕвезда, Еден Азар, кој продолжи да игра во одличната форма од Светското првенство и во новата сезона во Премиер лигата.

Претходно, во текот на неделата се појави информација дека Белгиецот го информирал раководството на клубот дека е подготвен да започне официјални разговори за обновување на својот договор. Тековниот договор на фудбалерот со лондонскиот клуб истекува во летото 2020 година.

Раководството на „сините“ за возврат сака да го награди играчот, правејќи го најплатен во целата Премиер лига, потег со кој се надеваат дека ќе го натераат Азар да не го напушти Стемфорд Бриџ следното лето.

Се очекува Челзи да му понуди плата од 18 милиони фунти годишно на играчот, со што ќе го претекне најплатениот во моментов - Кевин Де Бруин од Манчестер Сити, кој заработува 15 милиони по сезона. Во моментов, Еден Азар заработува 230.000 фунти неделно или 13,5 милиони фунти годишно.

Во последниве месеци, впечатливиот настап на Азар со екипата на Челзи ги зголеми шпекулациите за неговото преминување во шпанскиот гигант Реал Мадрид. Белгискиот репрезентативец досега неколкупати напомена дека неговиот сон од детството е да игра за „кралевите“ од Мадрид.

„Правиме сѐ што е можно за да го натераме Азар да остане. Секој навивач на Челзи го обожува Азар. Тој не е само голем играч, туку и голем човек. Сакаме да остане и се трудиме околу тоа, изјави претседателот на Челзи, Брус Бак за Bein Sports.

Од почетокот на сезоната белгискиот фудбалер постигна осум гола во десет натпревари за Челзи.

реклама

Фудбал

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Read more

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Read more

И Добри Дол ќе има прволигаш: Беса 1976 обезбеди промоција

Read more

Ерлинг Холанд станува лик во култна видео игра

Read more
 

Спорт

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Читај повеќе

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Читај повеќе

И Добри Дол ќе има прволигаш: Беса 1976 обезбеди промоција

Читај повеќе

Ерлинг Холанд станува лик во култна видео игра

Читај повеќе

Не е само шоу, Ајрон Мајк оди на 51. победа во кариерата

Читај повеќе

Леброн одговори на прашањето дали ќе остане во Лејкерс

Читај повеќе

Битка на титаните: Баерн и Реал по осми пат играат за финале

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ ги испрати Леброн и Лејкерс на годишен одмор

Читај повеќе

Дали Шпанија ќе биде исфрлена од ЕУРО в петок?

Читај повеќе