Челзи рутински, Арсенал победи со гол во 97 минута

Челзи ја задржа комотната предност на врвот на премиерлигашката табела, откако во 22. коло славеше над Хал со 2-0. Најблиску до Челзи е Арсенал кој во котроверзна завршница го победи Барнли со 2-1. Актуелниот првак Лестер си ближи до опасната зона, откако во Саутемптон го забележа 11-от сезонски пораз.

Челзи рутински го одработи натпреварот со претпоследниот Хал и стигна до 55-от бод во првенството. Диего Коста во финишот на првото и Гери Кејхил во финишот на второто полувреме ги постигнаа головите за лидерот.

Арсенал со судиска помош, во 97-та минута дојде до трите бода против Барнли. Мустафи постигна гол за Арсенал на почетокот од вториот дел, а набргу потоа „топчиите“ останаа без Џака кој доби директен црвен картон. Џака го доби третиот црвен картон во превенството, а втор кога на Арсенал му судел Мос.

Барнли во 93-тата минута доби пенал, по невнимателниот старт на Коклан. Греј погоди за 1:1.

Во 95. минута Ми невнимателно со нога по главата го удри Кошчелни, Мос покажа на белата точка, но повотрената снимка покажа дека дефанзивецот на Арсенал беше во офсајд. Пеналот со „паненка“ го реализира Алексис Санчез.

Саутемптон со головите на Вард-Поус и Џеј Родригез во првото, односно Душан Тадиќ од пенал во второто полувреме со 3-0 го совлада Лестер.

реклама
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Фудбал

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Read more

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Read more

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Read more

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Read more
 

Спорт

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Читај повеќе
  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе
  • play_arrow

Изненадување во Денвер: Јокиќ и Нагетс паднаа на првиот меч, Едвардс броеше до 43

Читај повеќе

Швјонтек го освои Мастерсот во Мадрид

Читај повеќе

Тренерот на Лејкерс доби отказ: Последниве две години беа пеколни

Читај повеќе
  • play_arrow

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Читај повеќе

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Читај повеќе

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Тајсон пред големата борба: Тешко му е без секс и марихуана

Читај повеќе