Често се потите или воопшто не се потите, еве што значи тоа за вашето здравје

Потењето помага во рамнотежата на телесната температура и се дефинира како ослободување течности на база на соли од потните жлезди.

Може да биде предизвикано од емоционална состојба, сериозна здравствена состојба, па дури и менопауза и бременост – поради хормонските промени. Жлездите цело време ослободуваат пот, а во фазата на пубертет доаѓа до пораст на хормоните со што потните жлезди се подинамични.

Потењето низ жлездите обично почнува околу пубертетот и не престанува, па ако во текот на планинарење воопшто не се потите тоа би можело да биде знак на некоја здравствена состојба.

Овие различни видови пот можат да ви помогнат во разбирањето на потта:

Солена пот

Исто како и солзите, нормално е потта да биде солена. Но, ако е необично солена до таа мера што ви ги пече очите, тогаш тоа е знак дека можеби ви недостига натриум. Многу е важна хидратацијата на телото, иако звучи нелогично може да бидете дехидрирани кога има недостиг на натриум во исхраната. Може да пиете повеќе енергетски пијалаци за да ги зголемите електролитите кои управуваат со вашето ниво на натриум и калиум. Тоа ќе ја спречи екстра солената пот.

Едвај се потите

Секое тело е различно, некои луѓе се потат повеќе, некои помалку и тоа е океј. Но, како и кај се останато, премногу или премалку од нешто обично не е добар знак.

Ако едвај се потите по жешките летни денови или додека возите велосипед, тоа значи дека потните жлезди не работат добро. Ова е сериозна состојба која се вика анхидроза и може да влијае на целото тело. Тоа доведува до прегревање, топлинска исцрпеност и топлински бран, што е алармантно и опасно по живот.

Претерано потење

Не само што некои луѓе воопшто не се потат, туку некои и прекумерно се потат, состојба која не минува незабележано. Прекумерното потење се нарекува хиперхидроза и може да се случи и во текот на студено време.

Исто така, може да им се случи на жените во менопауза. Понекогаш оваа состојба може да биде опасна. Ако се потите и слабеете, се потите додека спиете или чувствувате притисок во градите во текот на потење, време е да одите на лекар.

Пот со непријатна миризба

Потта всушност нема никаква миризба, целосно е без мирис. Но, кога вашите бактерии на кожата се помешаат со потта, тоа предизвикува непријатна миризба, а тоа е последица на стрес.

Постојат два вида пот која доаѓа од различни жлезди, едната е обично без мирис, а другата со не баш пријатен мирис од апокрините жлезди. Водете редовна хигиена на местата каде се потите и имајте на ум дека вашата исхрана, околината и лековите кои ги употребувате влијаат на вашата телесна миризба.

Потење во текот на бременост

Во текот на бременоста жените имаат тенденција да се потат повеќе од вообичаено, а тоа е повремено еден од првите симптоми на бременост. Телото го менува мирисот кога сте бремени, дури и пред да сфатите дека ќе забремените.

Пиењето многу вода, секојдневното туширање, носењето комотна и широка облека, избегнувањето зачинета храна се решенија за помалку потење.

Тагови
реклама

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Read more

Таjчи по 34 години го облече фустанот што го носеше на Евровизија

Read more

Здравје

Што се случува со нашето тело ако јадеме јајца секој ден?

Read more

Токсичната позитивност е ризик за менталното здравје

Read more

Како да ги ублажите последиците од празничното прејадување?

Read more

Храна што треба да ја одбегнувате по 40-тата година

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

30-минутни интензивни вежби за совршени нозе

Читај повеќе

Како длабоко да ја исчистите фритезата на топол воздух во само 3 чекори?

Читај повеќе

Почна сезоната на јагоди: 9 причини зошто треба да ги јадете

Читај повеќе

Што се случува со нашето тело ако јадеме јајца секој ден?

Читај повеќе
  • play_arrow

Од жица и камења сами направете убави саксии

Читај повеќе

Четири фрази кои најсилните парови редовно ги користат

Читај повеќе

Токсичната позитивност е ризик за менталното здравје

Читај повеќе
  • play_arrow

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Читај повеќе

Како да ги ублажите последиците од празничното прејадување?

Читај повеќе