Пред 10 години Сакае Като остана да ги спаси мачките напуштени од соседите кои побегнаа од близината на нуклеарната електрана Фукушума. Тој не сака да си замине и остана да живее во контаминираната карантинска зона.
„Сакам да останам овде и да се погрижам и за последната мачка. Потоа, би сакал да умрам, тоа би било ден или час подоцна“, изјави тој од неговиот дом.
Досега во градината има закопано 23 мачки, чии гробови се вознемирени од дивите свињи кои скитаат низ запустеното место. Се грижи за 41 мачка кои ги чува во домот и во празен објект на имотот. Се грижи и за кучето Почи.
Овој 57-годишен човек некогаш бил сопственик на мала градежна фирма. Вели дека неговата одлука да остане додека 160.000 се евакуирани од таа област е поттикнат од шокот што го доживеал пронаоѓајќи мртви домашни миленици во напуштените куќи во чие уривање учествувал.
Мачките исто така се причина да остане на имотот кој веќе три генерации е во сопственост на неговото семејство.
„Не сакам да си заминам, сакам да живеам во овие планини“, вели тој стоејќи исправено пред домот.
Деконтаминацијата на полињата во близина на неговата куќа се сигнал дека останатите жители наскоро би можеле да се вратат.
Најмногу помош за животните има од Јумико Кониши, ветеринар од Токио кој вели дека локалните волонтери се грижат за мачките на имотот, додека Като од 25 февруари е во притвор под сомнение дека ослободил диви свињи фатени во замки поставени во ноември од страна на јапонската влада.