Човекот кој плати 110.000 долари за да убие коза од загрозен вид

Минатата недела во пакистанските весници беше објавена фотографија која предизвика огромно внимание во јавноста, пишува Washington Post. Станува збор за фотографија на убиена дива коза од редок вид, а покрај нејзиното мртво тело стои насмеаното лице на американски ловец кој платил 110.000 долари за ова „задоволство“.

„Потребни се неколку секунди за да сфатите дека животното, во случајов дива коза од загрозен вид (capra falconeri), е мртво“, пишува весникот.

Весниците во Пакистан наведуваат дека американскиот ловец Брајан Кинсел Харлан го убил животното во текот на туристичка експедиција на северот на Пакистан.

Целата приказна предизвика жалење и бес на социјалните мрежи во Пакистан. Но, што стои зад ова? Тројца Американци во Пакистан минатиот месец убија три вакви кози. Според пакистанските службеници и групите за заштита на животни, праксата на убивање помага да се сочуваат и спасат ретки и загрозени видови животни.

Претходно, козите биле ловени поради месо, исчезнувале поради сечење на шумите, воени активности и неконтролирани лов поради роговите. До 2011 година останале само уште 2.500 кози.

Пред неколку години службениците за заштита на животните започнале акција за зачувување на видот. Пакистан го забрани ловот, но им дозволи на мал број странски ловци да убиваат по 12 мажјаци во сезона. Поради тоа дојде до подобрување на состојбата.

Токму затоа ловецот Харлан мисли дека учествува во зачувување на загрозениот вид кози.

„Ова е совршен пример кога ловци од целиот свет ќе се здружат со локални селани за повисока цел, за зачувување на видот“, вели тој.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Чек дис аут

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Read more

„Село на духови“ кое стана популарна туристичка атракција

Read more

За што служи металниот дел на пакувањето од саламите?

Read more

Што навистина значат боите на знамињата на САД, Италија, Германија и Грција?

Read more
 

Магазин

Хороскопски знаци што го пикаат носот секаде: Ги интересира сѐ и повеќе отколку што треба

Читај повеќе

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Читај повеќе

Зошто пливањето е една од најдобрите вежби што можете да ги изберете?

Читај повеќе

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Читај повеќе
  • play_arrow

Рецепт на денот: Ќофтиња со кашкавал и зеленчук

Читај повеќе

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Читај повеќе

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Читај повеќе

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Читај повеќе

Која храна содржи најмногу пластика?

Читај повеќе