Чудна еластичност им помага на сперматозоидите да го прекршат Њутновиот закон и не е јасно како

Истражувањата покажуваат дека сперматозоидите се движат низ вискозна течност на таков начин што ги прекршуваат Њутновите закони.

Научникот и математичар Кента Ишимото од Универзитетот во Кјото, заедно со неговите колеги, ги истражувале нереципрочните интеракции на сперматозоидите и другите микроскопски биолошки „пливачи“ со цел да се разбере како тие се лизгаат низ супстанции кои, теоретски, би требало да пружат отпор во текот на нивното движење.

Кога ги формулирал законите за движење во 1686 година, Исак Њутн се обидел да ја објасни врската помеѓу физичките објекти и силите што дејствуваат на нив.

Третиот закон, или законот за акција и реакција, би можел накратко да се сведе на - за секое дејство има еднаква и спротивна реакција. Законот на едноставен начин ја покажува симетријата во природата што се јавува кога две спротивставени сили делуваат една на друга.

Сепак, природата е често хаотична и не сите физички системи се однесуваат според овие симетрии. Еден од примерите на т.н. нереципрочна интеракција се сперматозоидите и како тие се движат низ течноста.

Ишимото и неговите колеги анализирале експериментални податоци за човечки сперматозоиди, кои пливаат користејќи флексибилни флагели кои излегуваат од телото, ја менуваат формата и на тој начин ја придвижуваат клетката.

Вискозните течности вообичаено ја трошат енергијата на флагелумот и треба да ја спречат спермата воопшто да се движи низ нив. И покрај тоа, еластичниот камшик сепак успева да ги движи клетките без да предизвика реакција од околината низ која се движи.

Јапонските експерти открија дека опашките на сперматозоидите имаат „чудна еластичност“, што им овозможува да се движат низ течноста без да губат многу енергија.

Сепак, способноста за „чудна еластичност“ не објасни целосно како брановидните движења на флагелите ја движат клетката. Научниците потоа изградија модел за да ја објаснат внатрешната механика на камшикот.

Нивните заклучоци би можеле да помогнат во дизајнирањето на идни уреди и мали роботи кои ќе се движат со имитирање на моделите.

Тагови
реклама

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Таjчи по 34 години го облече фустанот што го носеше на Евровизија

Read more

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Read more

Наука

Климатските промени ја забавуваат ротацијата на Земјата што доведува до совршен ден

Read more

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Read more

5 факти за магнетното поле што ќе ве изненадат

Read more

Трча со брзина од 6 км/ч: TianGong е хуманоиден робот кој се движи како никој досега

Read more
 

Гик

Климатските промени ја забавуваат ротацијата на Земјата што доведува до совршен ден

Читај повеќе

Кои карактеристики на вештачката интелигенција ги носи Apple во iOS 18?

Читај повеќе

Google значително ќе го забрза преносот на податоци помеѓу мобилните телефони

Читај повеќе
  • play_arrow

Британците за својот Challenger 3 тврдат дека е најсмртоносниот тенк на сите времиња

Читај повеќе

Kои се најпродаваните телефони во првите три месеци од 2024 година?

Читај повеќе

Одложено лансирањето на Starliner на Boeing

Читај повеќе

Веќе кружат гласини: Apple ќе го претстави iPhone 17 Slim во 2025 година

Читај повеќе

Во Чиле отворена опсерваторија на височина од 5.640 метри

Читај повеќе
  • play_arrow

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Читај повеќе