Откако бил затрупан под лавина, 26-годишен Австриец минал повеќе од 5 часа под снег пред да биде спасен, објавија австриските спасувачки служби.
„Жртвите на лавина не преживуваат подолго од 15 минути под снег, а случајот на спасеното момче е прв таков на Алите во последните 20 години“, вели Стефан Шрек, кој е дел од спасувачката служба.
Спасувачите успеале да го најдат скијачот под снегот благодарение на предавател кој на секои неколку минути испраќал сигнал од неговата локација.
Спасеното момче било при свест, но измрзнат. Успеал да преживее бидејќи околу неговата глава се формирал воздушен џеб кој му овозможил да диши, иако поради тешкиот снег не можел да се движи.
„Тој има голема среќа“, велат од спасувачкиот тим.