Ципрас: Каде се борците за Македонија сега кога Мицотакис го почитува Договорот од Преспа?

Атина, 14 февруари 2020 (МИА) – Каде се сите оние Македономахи (борци за Македонија)? Ги виде некој? Каде се скрија сега кога господинот Мицотакис не само што се придржува, туку и го почитува Договорот од Преспа?, праша лидерот на СИРИЗА, Алексис Ципрас, за време на настан на кој одговараше на 20 најпопуларни прашања поставени и избрани од членовите на партиската платформа iSYRIZA под наслов „I ask & watch”.

Прашан за тоа дека „десничарската пропаганда успеа да создаде впечаток во јавноста дека левицата се идентификува со антинационалистичките сили”, поранешниот грчки премиер рече дека оваа пропаганда беше „посебно интензивна пред точно една година кога се гласаше договорот”, јави дописничката на МИА од Атина.

Објасни дека изборот на Нова демократија тогаш бил „да се идентификува со радикални мислења, со радикални кругови, да го труе грчкото општество и уште еднаш да направи поделба на патриоти и предавници”.

-Патриотизмот во нашево време, современиот патриотизам, не е да ја мразиш татковината на другиот, туку да ја сакаш твојата татковина и да сметаш дека другиот има право да ја сака неговата татковина. Лани поминавме тешки моменти. Но, денес, кој дискутира за тоа? Каде се сите оние Македономахи (борци за Македонија н.з.) Ги виде некој? Каде се скрија сите овие, сега кога господинот Мицотакис не само што се придржува, туку и го почитува Договорот од Преспа?, истакна Ципрас, осврнувајќи се на значењето на поимот татковина за левицата.

За Договорот од Преспа рече дека „ги одбраниле вистината и патриотскиот интерес”. – Мислам дека полека полека дури и оние кои лани беа под влијание и излегуваа на улица, беа чувствителни, сфаќаат дека тоа го сторивме во корист на патриотскиот интерес. Бидејќи сега, кога Турција нѐ провоцира ќе има можност со нејзините Ф-16 да лета над Северна Македонија, рече Ципрас одговарајќи на едно од 20-те прашања поставени од членовите на партиската платформа. Лидерот на СИРИЗА порача дека левицата „беше и останува патриотска сила и сила на национална одговорност“.

реклама

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Министерот Филипче се сретна со сопствениците на три приватни болници

Read more
Најбогат меѓу покојните ѕвезди

Најбогат меѓу покојните ѕвезди

Read more

Динамо останува без тренер, потврдена затворската казна за Мамиќ

Read more

Регион

ЕУ ќе му даде на Западен Балкан помош од две милијарди евра до 2027 година

Read more

Атина обвиена во сахарска прашина - личи на колонија на Марс

Read more

Стејт департмент: Властите во Бугарија продолжија да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи

Read more

Европскиот парламент одобри визна либерализација за Србите од Косово

Read more
 

Вести

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Читај повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Читај повеќе

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе