Ципрас: Зоран, го знаеш регионот на Преспа?

Атина, 13 јули 2018 (МИА) - Делови од телефонскиот разговор меѓу двајцата премиери од денот кога беше постигнато решението меѓу Македонија и Грција, инсерти од Преспа од потпишувањето на Договорот и порака од обраќањето на Ципрас до грчката јавност, се вклучени, меѓу другото, во видеото што денеска на социјалните мрежи го објави кабинетот на грчкиот премиер, посветено на Договорот од Преспа.

Под наслов „Договорот од Преспа е голема дипломатска победа и голема историска шанса“, во траење од нешто повеќе од 100 секунди, од кабинетот на грчкиот премиер откриваат како беше закажана средбата од двете страни на Преспанското езеро, јави дописничката на МИА од Атина.

Видеото започнува со пејзажи од Преспа, а потоа се префрла во канцеларијата на Ципрас. Датумот е вторник, 12 јуни 2018, денот кога беше постигнат договорот. Грчкиот премиер, во присуство на неговиот советник за надворешна политика, разговара со Заев.

-Зоран, го знаеш регионот на Преспа?, во еден момент го прашува Ципрас неговиот македонски колега, додека на тефтерот што е пред него, напишан е зборот „Преспес“ (Преспа на грчки јазик).

Видеото открива и мал дел од дијалогот на двајцата премиери.

-Ова е Балкан, ова е политика. Ти ќе се соочиш со тешкотии, јас исто така ќе се соочам со тешкотии, но мислам дека историјата ќе ги оправда нашите одлуки, му вели Ципрас на Заев.

-Ние сме многу среќни. Да. Ова е историско, пријателе, одговара македонскиот премиер.

-Договорот од Преспа е историски момент за Балканот и за нашите народи, пишува во еден дел од видео кое е пропратено со музика, освен во деловите каде што има дијалог.

Веројатно откако веќе се договориле двајцата премиери, Ципрас му вели на Заев, дека е среќен што ќе биде првиот премиер што ќе ја посети нашата земја.

-Би бил среќен дека ќе бидам првиот премиер што ќе ја посети Северна Македонија, со насмевка на лицето, вели грчкиот премиер.

По постигнатиот телефонски договор, Алексис Ципрас имаше обраќање до грчката јавност, а еден дел од неговиот говор, каде што вели дека „се отвора прозорец кон иднината, прозорец на солидарност, пријателство и соработка, просперитет и заеднички развој меѓу народите“ е вклучен во видеото.

Од канцеларијата на Ципрас и од 12 јуни, режисерот на видеото се префрла на 17 јуни во Преспа, за време на потпишувањето на Договорот.

-Денес, овде во Преспа, започнуваме заедно да пишуваме една нова песна. Нашата цел е оваа радосна песна да се пее за многу векови. На нашиот јазик и на вашиот јазик. Во нашата земја и во вашата земја. Од нашиот народ и од вашиот народ, рече Ципрас веднаш по потпишувањето на Договорот, а токму оваа изјава е вметната во видеото додека се прикажуваат инсерти од свеченото потпишување.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, видеото е дел од кампањата на грчката влада „ Беше исправно, го спроведовме во пракса“, за досега сработеното. Токму и со овој слоган, завршува 100-секундното видео посветено на Договорот меѓу Македонија и Грција.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Македонија

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Read more

Османи победи во Торонто

Read more

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Read more

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Read more
 

Вести

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Читај повеќе

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Читај повеќе
  • filter

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Читај повеќе

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Читај повеќе

Лукашенко: Украина набргу ќе престане да постои ако не се согласи на преговори

Читај повеќе