Дали истече трпението на Милан за Манџукиќ?

„Милан нема да го продолжи четиримесечниот договор со Марио Манџукиќ кој завршува на крајот на мај. ‘Росонерите’ имаат опција да го продолжат договорот до летото 2022 година, но нема да го направат тоа т затоа што техничкиот директор Паоло Малдини и спортскиот директор Фредерик Масара не се задоволни од Хрватот“.

Ова на Twitter го објави искусниот спортски новинар Николо Шира. Нема да биде чудно ако ваквиот исход навистина се случи, бидејќи откако Манџукиќ дојде во Милано на крајот на јануари, тој настапи на само пет натпревари од можните 16. Сепак, тој играше само на еден како првотимец, против Звезда во Лига Европа. „Супер Марио“ имаше уште четири други настапи во Серија А, но беше резерва и „собра“ само 76 минути на шампионатот.

URL

Останатото време не играше бидејќи се опоравуваше од повреди на глуждот и мускулите, а поради последната сè уште не може да настапува. Фановите на Милан со воодушевување го поздравија доаѓањето на нивниот омилен „хрватски воин“ во Италија, без оглед на тоа што тој не играше скоро една година. Тоа секако ги разгоре шпекулациите за за тоа во каква здравствена состојба се наоѓа Манџукиќ непосредно пред 35-тиот роденден.

Манџукиќ помина супер за краткиот договор со Милан - доби 1,8 милиони евра. Клаузулата за продолжување на уште една сезона треба да се активира доколку Милан е задоволен од него и ако ја заврши сезоната на едно од првите четири места, со што ќе ја обезбеди Лигата на шампионите следната сезона. Ако се исполнети двата услови, Манџукиќ би заработил уште 3,6 милиони евра.

Сепак, Милан се чини дека го истроши трпението и нема да го продолжи договорот со Хрватот.

реклама

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more

Фудбал

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Read more

Спортинг ја освои титулата во Португалија

Read more

Мбапе подготвен да се соочи со Болт: Побрз е од мене, но ајде да се тркаме

Read more

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more
 

Спорт

Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата

Читај повеќе

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Читај повеќе
  • play_arrow

Спортинг ја освои титулата во Португалија

Читај повеќе

Мбапе подготвен да се соочи со Болт: Побрз е од мене, но ајде да се тркаме

Читај повеќе
  • play_arrow

Норис во солзи ја прослави првата победа во кариерата оставајќи го Верстапен зад себе

Читај повеќе

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Читај повеќе
  • play_arrow

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Читај повеќе

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Читај повеќе
  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе