Дали ја добивте вашата домашна платежна картичка?

Скопје, 17 јули 2020 (МИА) – Истекува рокот за предавање на домашната платежна картичка на оние граѓани што ги исполнија условите од оваа мерка што беше дел од третиот пакет-мерки на Владата за поддршка на економијата, а воведен поради корона-кризата.

Банките имаа рок да ги издадат до 18 јули, односно утре, а граѓаните може да ги искористат најдоцна на 15 август годинава. Целта е во краток период да се вшприца поголема количина средства во економијата со купување домашни производи и услуги, а со цел поддршка во кризата предизвикана од коронавирусот.

Домашна платежна картичка добија над 324.000 граѓани, во четири категории. Првата група доби домашна платежна картичка во вредност од 9.000 денари, каде што спаѓаат лица со низок доход, приматели на социјална помош и активни баратели на работа, кои во минатата година немале поголеми приходи од 180.000 денари, или годинава од јануари до април не повеќе од 60.000 денари според податоците на УЈП. Во оваа група се опфатени над 114.000 граѓани.

Во втората група се околу 117.000 лица кои добиваат по 3.000 денари, односно граѓани кои се во работен однос, но чии примања во првите четири месеци не надминуваат 60.000 денари. Оваа категорија дополнително доби и ваучер за туризам, кој веќе почна да се користи.

Во третата група се младите од 16 до 29 години кои се дел од државното образование и кои добија финансиска поддршка по 3.000 денари, а четвртата група ја сочинуваат здравствените работници со поддршка од 40 отсто од последната нето-плата.

Картичките ги издаваат девет банки, а тоа го почнаа од почетокот на јуни. Некои од нив ги испраќаа до домашна адреса, а дел ги информираа граѓаните кога им е изготвена картичката за во одреден ден во одредена локација да отидат и да ја подигнат, со цел да не се создава метеж во експозитурите и да се заштити здравјето на граѓаите и на вработените.

Заклучно со 8 јули издадени се и предадени над 187.000 домашни платежни картички, а граѓаните активно ги користат и направиле 700.000 трансакции и потрошиле 11 милиони евра за домашни производи и услуги. Најмногу се користат во супермаркетите, каде што се реализирани 90 отсто од трансакциите од овие платежни картички. Баките продолжуваат со издавањето, а се обработуваат и поднесените приговори на граѓаните кои сметаат дека ги исполниле условите, а не се нашле на листата за домашна платежна картичка.

Целиот проект е проценет на 28 милиони евра и средствата се префрлени кај банките што ги издаваат. До крајниот рок треба да бидат изработени сите картички од листата и да се продолжи со печатење на картичките од усвоените приговори.

Според министерката за финансии Нина Ангеловска, со ова се поддржуваат македонските производи и услуги, се поддржуваат граѓаните и се поттикнува економската активност, а според сценаријата што се направени во Министерството за финансии, домашната платежна картичка ќе го подобри економскиот резултат на земјава во третото тримесечје за 0,7 – 0,9 процентни поени.

Оние што веќе ги поседуваат картичките можат да ги користат во: хотели, одморалишта, кампови и други објекти за сместување, туристички агенции и оператори, ресторани, достава и подготовка на храна и пијалаци, супермаркети, продавници за храна, пекарници, мебел, осветлување, производи за домаќинства, книжарници и продавници за книги, спортска опрема, продавници за облека, обувки, предмети од кожа, аптеки, фризерски салони и салони за убавина и други услужни дејности.  

реклама

Македонија

Мојсоска: На 8 мај младите ќе стават крај на истрошените елити кои немаат што да понудат

Read more

Без струја дел од корисниците на Волково и Кучково

Read more

Променливо облачно, попладне дожд

Read more

Димитриевски: Ароганцијата на оние кои дозволија отворање на бугарски клубови во Македонија е ненадминлива

Read more
 

Вести

Мојсоска: На 8 мај младите ќе стават крај на истрошените елити кои немаат што да понудат

Читај повеќе

Кулеба: Повеќе од половина од енергетскиот систем на Украина е оштетен во нападите на руските сили

Читај повеќе

Без струја дел од корисниците на Волково и Кучково

Читај повеќе

Променливо облачно, попладне дожд

Читај повеќе

Tлото на Балканот се тресе: По Хрватска, земјотреси и во Албанија и Грција

Читај повеќе

Димитриевски: Ароганцијата на оние кои дозволија отворање на бугарски клубови во Македонија е ненадминлива

Читај повеќе

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Читај повеќе

Колку повеќе нѐ напаѓаат посилни нѐ прават – Работниците дадоа црвен картон на судот поради обидите за притисоците врз синдикатите

Читај повеќе

Мојсоска: На бугарофилите им кажавме дека местото не им е тука

Читај повеќе