Дали „Симпсонови“ ја предвидоа победата на Камала уште пред 21 година?

Вчера Камала Харис положи заклетва и стана првата жена потпретседател во историјата на САД.

Иако гласачите бираа помеѓу Доналд Трамп и Џо Бајден, слободно може да се каже дека Камала Харис и Бајден заедно, рамо до рамо, победија на претседателските избори во САД, одржани во ноември 2020 година.

Сепак, фановите на легендарната анимирана ТВ-серија „Симпсонови“ (The Simpsons) се убедени дека судбината на новиот потпретседател на Америка била предодредена уште пред изборите.

Серијата немаше анимирана верзија на Камала Харис, која работеше со претседателот, но во 2000 година се појави епизода со наслов „Барт кон иднината“ (Bart To The Future), во која Лиса стана првата жена претседател на САД по владеењето на Доналд Трамп.

Имено, обожавателите велат дека фактот дека Камала Харис е првата жена некогаш именувана на позицијата потпретседател во САД е пресвртница која не се разликува премногу од она што го замислуваа „Симпсонови“ пред 21 година и дека, како во епизодата, нејзиниот мандат започнува откако заврши владеењето на Трамп.

Сепак, нејзиниот моден избор за вчерашната свечена инаугурацијата беше она што навистина ги натера луѓето да се прашуваат дали „Симпсонови“ сепак предвидоа сѐ?

Новата потпретседателка на Америка на церемонијата носеше сино-виолетов капут и бисерен ѓердан - во 2000 година, креаторите на „Симпсонови“ ја покажаа Лиса облечена во истата модна комбинација.

Твитерџиите веднаш ја истакнаа неверојатната сличност, а некои се прашуваа дали Камала Харис се инспирирала од Лиса во серијата.

URL
URL
URL
URL
URL
URL

Секако, можно е и креаторите на „Симпсонови“, и Камала Харис едноставно да ја сметаат виолетовата за соодветна боја за ваков важен настан, но имајќи предвид колку работи предвидела серијата досега, не треба да се исклучи ниту една можност.

Креаторите на „Симпсонови“ го предвидоа Трамп како претседател на САД, ширењето на вирусот ебола, паметните телефони, настапот на Лејди Гага на Супербоул…

Remote video URL
реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Филм & ТВ

Netflix ги изнервира фановите на Emily in Paris

Read more

Три популарни филмови кои Бред Пит не сакал да ги снима

Read more

Елизабет Бенкс и Џесика Бил глумат сестри во новата трилер серија на Amazon

Read more

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Netflix ги изнервира фановите на Emily in Paris

Читај повеќе
  • play_arrow

Три популарни филмови кои Бред Пит не сакал да ги снима

Читај повеќе

Елизабет Бенкс и Џесика Бил глумат сестри во новата трилер серија на Amazon

Читај повеќе
  • play_arrow

Скопје ќе биде домаќин на Светското првенство во хип хоп

Читај повеќе
  • play_arrow

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Читај повеќе

Како изгледа денес Роуз која го демнеше Чарли во Two and a Half Men

Читај повеќе

Пенелопе Крус важи за една од најубавите актерки, со години е на посебна диета

Читај повеќе
  • play_arrow

Новиот Lion King ја раскажува приказната за Муфаса

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе