Дали смртта на Пригожин е и предупредување на Путин до елитите?

Откако руските служби потврдија дека во авионот кој се урна на територијата на оваа земја се наоѓал и шефот на Вагнер, Евгениј Пригожин, се огласија бројни светски претставници кои порачаа дека со овој чин е јасна порака до руската елита.

Секако, прв реагираше Џо Бајден, кој во средата изјави дека не е изненаден од ваквиот расплет на настаните.

„Нема многу во Русија зад што не стои Путин. Но, не знаеме доволно детали за да зборуваме за тоа“, рече Бајден.

Меѓу првите што реагираше беше помошникот на украинскиот претседател ,Михаило Подољак, кој потсети дека несреќата се случила точно два месеца по бунтот организиран од Вагнер.

„Ова е сигналот на Путин до елитата пред изборите во 2024 година. Пазете се! Нелојалноста е еднаква на смрт“, рече Подољак.

Поранешниот писател на говорите на Путин, Абас Гаљамов, исто така ги коментираше настаните со шефот на Вагнер и рече дека Путин испратил јасна порака до сите.

„Елитите сега се убедени дека нема да може да му се спротивстават на Путин. Путин е доволно силен и способен да се одмазди“, истакнува Гаљамов.

Бизнисменот Бил Браудер, исто така човек кој поминал многу години во Русија, се согласи со изјавите дека Путин со овој чин го консолидирал својот авторитет.

„Путин никогаш не простува и никогаш не заборава. Изгледаше како понижен слабак, додека Пригожин трчаше наоколу не грижејќи се за ништо. Ова ќе го зацементира неговиот авторитет“, рече Браудер.

Настаните ги коментираше и британската политичарка Алисиа Кернс, претседателка на Комитетот за надворешни работи на Обединетото Кралство.

„Брзината со која руската влада потврди дека Евгениј Пригожин бил во авионот ни кажува сѐ што треба да знаеме. За Путин има еден непростлив грев. Предавство на Путин и Русија. Тој ги лови оние што ги смета за предавници. Сега Евгениј Пригожин е вклучен на таа листа, ставајќи му крај на понижувањето на Путин“, заклучи Кернс.

реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Свет

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Read more

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Read more

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Read more

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Read more
 

Вести

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе