Дали вакцината против грип помага и против корона?

Познато е дека вакцинацијата помага во отпорност на други инфекции. Една студија покажа дека до одреден степен може да се каже дека луѓето кои биле вакцинирани против грип полесно минуваат низ короната, пишува Deutsche Welle.

Лекари од универзитетот во Мичиген предводени од Ана Колон анализирале релативно голем број граѓани: 27.201 лица кои биле следени за влијанието на пандемијата. До 15 јули 2020 година, нешто помалку од половина од овие лица - 12.997 биле вакцинирани со вообичаен коктел против одреден спектар на вирус на грип.

Во нивната студија објавена во American Journal of Infection Control тие ги изложија своите наоди кои покажуваат дека нешто помалку луѓе вакцинирани против грип се заразиле со коронавирусот: 4% наспроти 4,9%. Лекарите исто така откриле дека вакцинираните лица имаат помала веројатност да имаат компликации ако заболат од COVID-19, имале помала веројатност да бидат хоспитализирани или да бидат ставени на респиратор. Статистички, нивниот престој во болница бил нешто пократок.

Во однос на смртноста, беше тешко да се утврди каква било разлика, бидејќи примерокот на крајот беше исклучително мал: во апсолутни бројки, тоа беа 696 случаи на заразени со коронавирус меѓу невакцинираните против грип и 520 случаи на инфекција кај оние кои биле вакцинирани .

Дали има други причини?

Всушност, одамна е познато дека вакцинацијата во основа го зајакнува целиот наш одбранбен систем - пред многу години, беа објавени студии кои покажуваат дека мали деца кои се вакцинирани против сипаници, долго после вакцинацијата, покажуваат поголема отпорност на низа патогени отколку деца кои се не вакцинирани. Така, може да се најде микробиолошко објаснување дека оваа „научена“ отпорност од некои вакцини, исто така, делува до одреден степен против типичниот „бодликав“ протеин на коронавирусот.

Но, постојат и други елементи кои го отежнуваат давањето точен одговор - луѓето кои редовно се штитат од грип, обично се многу повнимателни за своето здравје, многу од нив и затоа што спаѓаат во ризични групи - како постари лица или луѓе кои прележале сериозни болести. Оваа група граѓани беше предупредена во САД на почетокот на пандемијата дека треба да се повлечат во изолација, додека остатокот од населението сè уште оди редовно на работа.

Од друга страна, важно е да се знае дека вакцинираните луѓе полесно минуваат низ короната, а баш кај постарите лица текот на инфекцијата е обично потежок и покомплициран.

Дека ова има врска со целокупната отпорност, докажува и искуството од Холандија. Вработените во болниците таму кои биле вакцинирани против грип пред зимата од 2019 до 2020 година имале помала веројатност да бидат заразени со корона отколку оние кои не биле вакцинирани. Но, се разбира, нема постари лица меѓу таа популација и повеќето од нив имале интензивен контакт со инфицирани со коронавирус.

реклама

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Таjчи по 34 години го облече фустанот што го носеше на Евровизија

Read more

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Read more

Здравје

Што се случува со нашето тело ако јадеме јајца секој ден?

Read more

Токсичната позитивност е ризик за менталното здравје

Read more

Како да ги ублажите последиците од празничното прејадување?

Read more

Храна што треба да ја одбегнувате по 40-тата година

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

30-минутни интензивни вежби за совршени нозе

Читај повеќе

Како длабоко да ја исчистите фритезата на топол воздух во само 3 чекори?

Читај повеќе

Почна сезоната на јагоди: 9 причини зошто треба да ги јадете

Читај повеќе

Што се случува со нашето тело ако јадеме јајца секој ден?

Читај повеќе
  • play_arrow

Од жица и камења сами направете убави саксии

Читај повеќе

Четири фрази кои најсилните парови редовно ги користат

Читај повеќе

Токсичната позитивност е ризик за менталното здравје

Читај повеќе
  • play_arrow

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Читај повеќе

Како да ги ублажите последиците од празничното прејадување?

Читај повеќе