Даниел Крег ќе добие ѕвезда на Патеката на славните

Даниел Крег, британскиот актер најпознат по улогата на Џејмс Бонд, ќе добие ѕвезда на холивудската Патека на славните, која ќе биде откриена в среда, 6 октомври - два дена пред кино премиерата на неговиот петти и последен филм за Џејмс Бонд „No Time to Die“.

Ѕвездата на Крег ќе биде поставена покрај поранешниот агент од 007, Роџер Мур. Тој е четвртиот актер на Бонд на кој му се оддава ваква чест по Мур, Дејвид Нивен и Пирс Броснан.

„Даниел Крег е британска културна икона, како и Џејмс Бонд, кој го глумеше во пет 007 филмови“, вели Ана Мартинес, продуцентка на холивудската Патека на славните.

„Воодушевени сме што можеме да ја ставиме неговата ѕвезда до друг познат актер на Џејмс Бонд, Роџер Мур“, додава таа.

Рами Малек, кој го игра негативецот наспроти Крег во филмот „No Time to Die“, ќе одржи говор на церемонијата во чест на неговиот колега, како и филмските продуценти Мајкл Џ. Вилсон и Барбара Броколи.

URL

Фановите ќе можат да го следат настанот во живо на веб-страницата на холивудската Патека на славните.
Крег е познат и по улогите во „Knives Out“, „The Girl with the Dragon Tattoo“, „Минхен“, „Logan Lucky“, „Enduring Love“, „Infamous“ итн.

Актерот неодамна во интервју за „The New York Times“ се осврна на неговата аудиција за Бонд, велејќи дека „претпоставувал дека е поканет на аудиција за полесно да можат да одберат некој друг за улогата“.

Беше на аудиција по заминувањето на Броснан, кој го играше Бонд во четири филма од 1995 до 2002 година.

Remote video URL

„Бев само меѓу мешаницата - некој што треба да се одбие“, вели тој, пред да додаде дека мислел дека ќе мора да го глуми негативецот, велејќи: „Еве, биди лошиот“.

Сепак, актерот продолжи да го игра Бонд во пет филма, почнувајќи со „Casino Royale“ (2006), вклучувајќи ги „Quantum of Solace“ (2008), „Skyfall“ (2012) и „Spectre“ (2015). Неговиот последен филм во франшизата, „No Time to Die“, премиерно ќе се прикажува во кината од 8 октомври.

За „The New York Times“ Крег изјави дека сака конзистентност во неговите филмови за Бонд, признавајќи дека може да биде запомнет „како мрзливиот Бонд“, но додава: „Тоа е само мојот Бонд и морам да се соочам со него, тоа беше мојот Бонд. Но, јас сум задоволен со тоа“.

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Филм & ТВ

Netflix ги изнервира фановите на Emily in Paris

Read more

Три популарни филмови кои Бред Пит не сакал да ги снима

Read more

Елизабет Бенкс и Џесика Бил глумат сестри во новата трилер серија на Amazon

Read more

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Netflix ги изнервира фановите на Emily in Paris

Читај повеќе
  • play_arrow

Три популарни филмови кои Бред Пит не сакал да ги снима

Читај повеќе

Елизабет Бенкс и Џесика Бил глумат сестри во новата трилер серија на Amazon

Читај повеќе
  • play_arrow

Скопје ќе биде домаќин на Светското првенство во хип хоп

Читај повеќе
  • play_arrow

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Читај повеќе

Како изгледа денес Роуз која го демнеше Чарли во Two and a Half Men

Читај повеќе

Пенелопе Крус важи за една од најубавите актерки, со години е на посебна диета

Читај повеќе
  • play_arrow

Новиот Lion King ја раскажува приказната за Муфаса

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе