Данска ги повлекува авионите F-16 од мисијата против Исламска држава

Данска објави дека нема да ја продолжи шестмесечната мисија за своите седум борбени авиони од типот „F-16“ што учествуваат во операциите на меѓународната коалиција предводена од САД против ултрарадикалната сунитска организација Исламска држава (IS) во Сирија и во Ирак.

Оваа одлука е донесена три дена откако Пентагон потврди дека во воздушните удари во Сирија во септември, што ги изведоа американски, австралиски, британски и дански авиони, се убиени стотина војници на владата на Сирија, а официјален Дамаск обвини дека со овој напад им се овозможи на џихадистите од Исламската држава да заземат стратешки важна позиција. Американското министерство за одбрана појасни дека станува збор за серија недоразбирања, недостиг од прецизни разузнавачки информации од теренот и човечки грешки.

„Одлучивме да ги повлечеме данските борбени авиони како што беше планирано. Наместо продолжување на мисијата, испраќаме дополнителни 20 или 21 војник“, изјави за медиумите шефот на данската дипломатија Андерс Самуелсен по состанокот на парламентарната комисија за надворешна политика.

Данскиот министер за одбрана Клаус Хјорт Фредерискен, пак, изјави дека новите војници „ќе ги обучуваат ирачките сили, меѓу другото, и за операции на деминирање“.

Во втората половина од годинава Данска испрати седум авиони „F-160“, транспортен авион „C-130J“ и 400 војници, од кои 60 припадници на специјалните сили. Транспортниот авион, исто така, ќе биде повлечен од операциите, соопшти владата.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Свет

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Read more

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Read more

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Read more

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Read more
 

Вести

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе