Данска и Холандија ставија рампа на почетокот на преговори на Босна и Херцеговина со ЕУ

Новинарката на магазинот Politico, Барбара Моенс, објави дека двете европски земји не се задоволни од препораката дадена од Европската комисија за Босна и Херцеговина во контекст на отворањето на преговорите и дека може да побараат дополнителни услови за официјално отворање на преговорите.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, на почетокот на неделава најави дека ќе даде препорака за отворање на преговорите со Босна и Херцеговина. Затоа, Европскиот совет треба да гласа за давање зелено светло на 21 март, а датумот на Меѓувладината конференција на која конечно Босанците би ги отвориле преговорите со ЕУ не е познат.

Сепак, Холандија и Данска, според овој политички магазин, бараат дополнително објаснување зошто Босна и Херцеговина добила позитивен извештај и потенцираат дека мора земјата да добие дополнителни услови доколку сака да ги отвори преговорите.

„Голем број земји од ЕУ, вклучувајќи ги Холандија и Данска, предупредуваат дека Европскиот совет следната недела не треба едноставно да ѝ даде зелено светло на Босна и Херцеговина за почеток на пристапните преговори со ЕУ, како што препорача Европската комисија претходно неделава. На состанокот во средата, неколку земји од ЕУ побараа појаснување за изненадувачки позитивниот извештај на Босна и Херцеговина, рекоа четворица дипломати“, пишува Politico.

Тие наведуваат дека може да се постигне потенцијален компромис во однос на добивање зелено светло од Европскиот совет, исто како Украина и Молдавија, поради политичката и безбедносната ситуација. Сепак, оттаму посочуваат дека мора да се исполнат дополнителни услови за подоцна формално започнување на преговарачкиот процес.

„Нема да започнеме вистински преговори доколку нема повеќе реформи“, рече еден од дипломатите, според Politico.

Позитивни сигнали и добра волја дека Европскиот совет ќе ни даде зелено светло за отворање на преговорите стигнуваат од ЕУ изминативе неколку дена. Дополнителните услови не се нешто што се очекуваше, но овој процес е сосема нов, со оглед на новата методологија за пристапување, затоа нема преседан и е можна каква било одлука.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Грција воведува шестдневна работна недела

Read more

Регион

Грција воведува шестдневна работна недела

Read more

ЕУ ќе му даде на Западен Балкан помош од две милијарди евра до 2027 година

Read more

Атина обвиена во сахарска прашина - личи на колонија на Марс

Read more

Стејт департмент: Властите во Бугарија продолжија да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи

Read more
 

Вести

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2024 година

Читај повеќе

Уапсен дилер од Штип, пронајдена дрога и голема сума пари

Читај повеќе

27 април 1952, роден е Горан Стефановски

Читај повеќе

Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка

Читај повеќе

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ

Читај повеќе

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу во Скопје

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: СДС коваат две сценарија –бојкот на избори или влада со ДУИ

Читај повеќе

Променливо време со температури до 23°C, затоплување од понеделник

Читај повеќе

Украина не го доби она што најмногу го сакаше од Американците

Читај повеќе