Дански политичари 40 минути разговарале со лажна Тихановскаја

Дански политичари оваа недела одржале доверлив виртуелен состанок со лице за кое се покажа дека лажно се претставувало како опозициската белоруска политичарка Светлана Тихановскаја, соопшти денеска данскиот Парламент.

Членовите на парламентарната Комисија за надворешна политика разговарале со лажната Тихановскаја цели 40 минути пред повикот на конференцијата да биде ненадејно прекинат, без да бидат свесни за тоа.

Во соопштението се вели дека соработници на опозициската политичарка, кои побегнаа во Литванија по изборите во Белорусија на 9 август, им рекле на данските пратеници дека Тихановскаја не учествувала на тој виртуелен состанок.

Заменик-претседателот на Комитетот, Мајкл Ааструп Јенсен, објасни дека состанокот бил замислен како видео конференција, но дека лицето кое погрешно се претставило рекло дека не работи со веб-камера, туку само со аудио.

Тој посочи дека на тој состанок не биле откриени никакви доверливи информации и дека биле преземени мерки за да се спречи сличен инцидент во иднина.

Јенсен исто така рече дека компјутерски експерти откриле дека веб-страницата од која лицето контактирало се наоѓа во Русија. Претседателот на Комитетот и поранешен министер за надворешни работи Мартин Лидегард изјави дека не е познато кој стои зад измамата, но има индиции за руска врска. 

реклама

Свет

Кулеба: Повеќе од половина од енергетскиот систем на Украина е оштетен во нападите на руските сили

Read more

Се урна дел од автопат во Кина: Возила паднаа во провалија, десетици мртви

Read more

AstraZeneca призна дека нејзината вакцина против COVID-19 може да предизвика несакани ефекти

Read more

Пивската партија влегува во изборната трка во Австрија

Read more
 

Вести

Вердиевата спектакуларна опера Трубадур на 11 мај на Мајските оперски вечери

Читај повеќе

Мојсоска: На 8 мај младите ќе стават крај на истрошените елити кои немаат што да понудат

Читај повеќе

Кулеба: Повеќе од половина од енергетскиот систем на Украина е оштетен во нападите на руските сили

Читај повеќе

Без струја дел од корисниците на Волково и Кучково

Читај повеќе

Променливо облачно, попладне дожд

Читај повеќе

Tлото на Балканот се тресе: По Хрватска, земјотреси и во Албанија и Грција

Читај повеќе

Димитриевски: Ароганцијата на оние кои дозволија отворање на бугарски клубови во Македонија е ненадминлива

Читај повеќе

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Читај повеќе

Колку повеќе нѐ напаѓаат посилни нѐ прават – Работниците дадоа црвен картон на судот поради обидите за притисоците врз синдикатите

Читај повеќе