Дебакл на Сити во Барселона, Арсенал го прегази Лудогорец

Хет триковите на Меси и Озил, убедливите победи на Барелона, Арсенал и минхенски Баерн и триумот на Бешикташ во Неапол ги обележаа натпреварите во Лигата на шампионите во групите А, Б, Ц и Д.

Дербито се одигра во Барселона, каде Меси и тимот сурово ги казнија сите гршки на Манчестер Сити. Меси првиот гол го постигна во 17. минута, кога ја искористи нерешителноста на дефензивците на Сити.

Во финишот на полувремето Тер Штеген го одбрани ударот на Гундоган, а обидот на Стоунс заврши крај голот.

Сити во 53. минута остана со играч помалку, откако голманот Браво играше со рака надвор од својот шеснаесетник.

Барселона тоа веднаш го казни, со двата гола на Меси, со кои Аргентинецот го комплетираше хет трикот. Головите дојдоа по грешките на Фернандињо и Гундоган.

 

Матие во периодот од 71 до 74 минута доби два жолти картони и ја напушти играта. Во финишот Меси изнуди пенал, а Нејмар не успеа да го совлада Кабаљеро. Бразилецот сепак успеа да постигне гол во претпоследната минута со кој го постави конечниот резултат 4-0.

Во вториот меч во групата Ц, Селтик загуби од Борусија Менхенгладбах 0-2. Виновник за головите кои ги постигнаа Штандл и Хан во второто полувреме беше Коло Туре.

Во А групата Арсенал и ПСЖ забележаа сигурни победи. Арсенал го прегази Лудогорец со 6-0. Санчез, Волкот и Окслејд-Чембрлен погодија во првото полувреме, а во второто Езил постигна хет трик.

 

ПСЖ го победи Базел 3-0 со головите на Ди Марија, Лукас Моура и Кавани од пенал.

Изненадувањето на колото го направи Бешикташ, кој славеше во Неапол 3-2. Турскиот шампион го предводеше Абубакар кој постигна два гола, а еден беше дело на Кореа. Мертенс и Габијандини од пенал погодија за Наполи. Наполитанците при резутат 1-2 не искористија пенал.

Динамо во Киев загуби од Бенфика 0-2. Салвио во 10-та и Серви во 55-та минута беа стрелци на головите.

 

Фаворитите победија и во Д групата. Баерн го победи ПСВ со 4-1 со головите на Милер, Кимих Левандовски и Робен, а Атлетико во Ростов минимално славеше со голот на Караско.

реклама

Фудбал

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Read more

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Read more

И Добри Дол ќе има прволигаш: Беса 1976 обезбеди промоција

Read more

Ерлинг Холанд станува лик во култна видео игра

Read more
 

Спорт

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Читај повеќе

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Читај повеќе

И Добри Дол ќе има прволигаш: Беса 1976 обезбеди промоција

Читај повеќе

Ерлинг Холанд станува лик во култна видео игра

Читај повеќе

Не е само шоу, Ајрон Мајк оди на 51. победа во кариерата

Читај повеќе

Леброн одговори на прашањето дали ќе остане во Лејкерс

Читај повеќе

Битка на титаните: Баерн и Реал по осми пат играат за финале

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ ги испрати Леброн и Лејкерс на годишен одмор

Читај повеќе

Дали Шпанија ќе биде исфрлена од ЕУРО в петок?

Читај повеќе