Децата кои рано почнуваат да лажат се посебни

Истражување покажа дека децата многу рано почнуваат со лажење, а тоа е важен дел од детскиот развој.

Лажењето не е нешто необично кај децата, а ново истражување покажа дека тоа е дури и важен дел од нивниот развој.

Според истражување на Канг Ли, професор по психологија на Универзитетот во Торонто, децата многу рано почнуваат со лажење. Меѓу двогодишните деца кои зборуваат, 30% од нив веќе излажале за нешто.

До навршени три години, скоро половина се обидуваат редовно да излажат за нешто. На четири години, тој број изнесува дури 80%. Во периодот од 5 до 7 години, скоро секое дете лаже.

Доктор Ли вели дека малите деца кои ја прикриваат или избегнуваат вистината, имаат когнитивна предност во однос на оние кои не го прават тоа.

„Лажењето бара две работи. Децата мора да разберат што некој друг мисли за нив. Оваа способност ја нарекуваме теорија на умот. Децата кои се подобри во теорија на умот се подобри и во лажење“, објаснува психологот.

Втора работа е да се знае однапред да се планира за да спречиме несакани активности. Околу 30% од децата помали од 3 години, кои знаат да лажат, имаат поголема способност за тоа. Лагите им помагаат да се извлечат од непријатни или за нив незгодни ситуации.

Таквите когнитивни способности кај децата кои рано почнуваат да лажат значи дека овие деца ќе бидат поуспешни на училиште и во комуникацијата со другите деца во парк.

Доктор Ли го спровел експериментот на теорија на умот на 85 деца на предучилишна возраст во Кина.

Тагови
реклама

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Таjчи по 34 години го облече фустанот што го носеше на Евровизија

Read more

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Read more

Живот

Како длабоко да ја исчистите фритезата на топол воздух во само 3 чекори?

Read more

Почна сезоната на јагоди: 9 причини зошто треба да ги јадете

Read more

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

30-минутни интензивни вежби за совршени нозе

Читај повеќе

Како длабоко да ја исчистите фритезата на топол воздух во само 3 чекори?

Читај повеќе

Почна сезоната на јагоди: 9 причини зошто треба да ги јадете

Читај повеќе

Што се случува со нашето тело ако јадеме јајца секој ден?

Читај повеќе
  • play_arrow

Од жица и камења сами направете убави саксии

Читај повеќе

Четири фрази кои најсилните парови редовно ги користат

Читај повеќе

Токсичната позитивност е ризик за менталното здравје

Читај повеќе
  • play_arrow

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Читај повеќе

Како да ги ублажите последиците од празничното прејадување?

Читај повеќе