Основачот на Amazon и вториот најбогат човек во светот, Џеф Безос, претходно соопшти дека планира да продаде вкупно 50 милиони акции.
Откако Amazon минатата недела објави дека нејзиниот основач Џеф Безос ќе продаде до 50 милиони акции од компанијата, тој и го направи тоа.
Безос продаде 12 милиони акции за околу две милијарди долари, бидејќи претходно презентираше план за продажба на своите акции во текот на следната 2025 година.
Како што се наведува во последниот годишен извештај на компанијата, продажбата била извршена во средата и четвртокот, пренесе Reuters. Целосната продажба на акциите ќе биде завршена до 31 јануари 2025 година.
Џеф Безос, според индексот на милијардери на Bloomberg втор најбогат човек во светот со богатство проценето на 200 милијарди долари, го основа Amazon во 1994 година.
Тој се повлече од позицијата извршен директор на компанијата во 2021 година, а оттогаш ја извршува функцијата нејзин извршен претседател.