Џенифер Лопез блесна на доделувањето на Златните глобуси, а на интернет стана популарен симпатичниот момент кога актерката Бри Ларсон се расплака кога ја виде.
Пејачката носеше креација на Nicole + Felicia Couture. Таа на присутните новинари им изјави дека филмот „Barbie“ ѝ послужил како инспирација. Изгледот го комплетираше со виткана фризура, едноставна шминка и раскошен накит.
Додека Бри Ларсон даваше интервју, во позадина ја забележа Џенифер.
„Толку ми значиш“, ѝ рече додека минуваше, а Џенифер ѝ пријде и ја прегрна.
„Го гледав филмот 'Selena'. Ме натера да сакам да бидам актерка. Отсекогаш многу си ми значела. Ова беше мојот сон. Ти благодарам многу“, рекла таа, меѓу другото.
На наградите Златен глобус присуствуваа и многу други познати личности, меѓу кои и Ема Стоун, Кевин Костнер, Елизабет Олсен, Тимоти Шаламеј, Лени Кравиц итн.